Оваа занесна Хрватка за малку ќе станела госпоѓа Клуни: Актерот бил луд по неа, а таа го оставила поради принцот силувач!

Каков потег!

Џорџ Клуни бил во врска со згодната Хрватка Моника Јакшиќ кратко пред да ја запознае Амал

Некогашниот вечен ерген Џорџ Клуни одамна заплови во брачните води со убавата адвокатка и заштитничка на човековите права, Амал Клуни. Двојката доби и две деца, а денес сосема е јасно дека повеќе ништо не може да ја наруши нивната идила.

Џорџ и самиот истакнувал во повеќе пригоди колку ја сака својата сопруга и колку му го променила животот на подобро, а пред да се смири покрај неа, бил со речиси 100 жени (иако многумина тврдат дека бројката е поголема), меѓу кои била и занесната Хрватка Моника Јакшиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Monika Jakisic (@prettylittlebadass)


Манекенката и славниот актер првпат биле во врска во 2004 година, за повторно да се спојат во 2013 година. Како што се пишувало тогаш, Клуни бил луд по темнокосата убавица, која инаку е моделка за костими за капење и долна облека.

Приказните за нивното смирување започнале кога Моника преспивала во неговата вила во Лос Анџелес. За врската на Џорџ со Хрватката се шушкало уште кога папараците ги фотографирале во еден ноќен клуб.

„Зборуваа со часови, слични се и неверојатно поврзани. Постојано се допишуваат преку СМС-пораки, а тој често ѝ се јавува“, открил анонимен извор своевремено.

https://twitter.com/gimmemoregossip/status/1523641224686567425?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1523641224686567425%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F178085%2Fzanosna-hrvatica-umalo-je-postala-gospodja-kluni

Моника во 2007 година ја признала врската со познатиот холивудски ерген, не криејќи дека таа и актерот често се слушаат.

„Го обожавам, тој е супер човек. Сака да се шегува, шармантен е и има големо срце. Тој е вечен ерген, но ако еден ден одлучи да се ожени и ми се појави со прстен, јас не би му кажала ‘не’“, изјавила манекенката тогаш.

Инаку, Моника во далечната 2010 година била прогласена за една од најсексапилните жени на светот, па не е ни чудно што и холивудскиот актер паднал на нејзиниот шарм. Меѓутоа, имало приказни дека на Моника ѝ било доста од чекање и дека таа го оставила Клуни, а потоа пронашла љубов со озлогласениот принц Ендру, кој денес е познат по многуте силувања за кои бил обвинет.

https://twitter.com/KirbySommers/status/1400793293177430019?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1400793293177430019%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fstil.kurir.rs%2Fcelebrities%2Fvip-prica%2F178085%2Fzanosna-hrvatica-umalo-je-postala-gospodja-kluni

Моника и Ендру биле уловени за време на страсно разменување бакнежи, а се запознале преку заеднички пријатели. Инаку, Моника често била поврзувана со моќни мажи, па пред Ендру ја спојувале со фудбалери, а нејзините соседи во Лондон говореле дека таа ужива во парите и вниманието.

Во еден момент дури и се зборувало дека таа и принцот Ендру се свршиле, но излегло дека тоа е лага. И покрај врелите бакнежи, двојката цело време тврдела дека се само пријатели.

Моника и денес изгледа фантастично и може да се пофали со младоликото лице и фантастичната фигура. Поседува своја маркетинг-агенција и го живее животот со полни гради.

Џорџ Клуни изненади: „Слушај, јас никогаш не сакав брак и деца!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.