Навики во исхраната поради кои Џејн Фонда (84) изгледа 25 години помладо: Како го постигнува тоа?

Неверојатна жена

Сите знаеме дека Џејн Фонда веќе подолго време се занимава со здравје и фитнес

Без разлика дали сте ги обожавале нејзините видеа со вежби од далечните 1980-ти или сте нејзин понов обожавател што ја следи најновата сезона на „Грејс и Френки“ на Нетфликс, веруваме дека и вие, како и луѓето ширум светот, се прашувате како е возможно таа да изгледа неверојатно добро на 84 години.

Фонда отсекогаш  верувала во водењето свесен, здрав начин на живот, наспроти тоа да се обидува да изгуби килограми за кратко време или да ги следи најмодерните диети. Па кои се нејзините здрави навики во исхраната?

Таа не практикува брзи диети

Уште во 2012 година, Фонда ги споделила своите омилени совети за здраво губење на килограмите. Еден од нејзините први совети бил да заборавите на брзите диети.

„Брзите диети ветуваат нереални резултати. Не би требало да се обидувате да симнете повеќе од килограм до две неделно“, вели Фонда.

Фонда исто така додала дека важно е да се промени начинот на размислување за диетите и здравјето.

„Не мислете на диетата, мислете на здравјето.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jane Fonda (@janefonda)

Никогаш не го прескокнува појадокот

Фонда исто така открила дека појадокот е клучен за здравјето и дека тоа е најважниот оброк во денот.

„Секое утро обидете се да го започнете денот со хранлив појадок. Луѓето што не го прават тоа, потешко ги губат килограмите“, открила Фонда.

Всушност, истражувањата покажуваат дека прескокнувањето на појадокот може да го забави вашиот метаболизам, да ви предизвика чувство на глад и да доведе до зголемување на телесната тежина.

Не е ригорозна

Уште еден од десетте совети на Фонда што ги споделила на Јутјуб е да не бидете многу ригорозни. Наместо да следи строги планови за исхрана, Фонда практикува баланс во секојдневниот живот.

„Не треба да се чувствувате како нешто да ви е ускратено. Не можете да го издржите тоа на подолгорочен период. Па така, ако изедете парче чоколадо, тоа е во ред. Само немојте да изедете цело пакетче. Или можеби утредента подолго шетајте“, советувала Фонда.

Џејн Фонда
Не јаде многу месо

Фонда се фокусира на тоа да јаде многу здрава храна во текот на денот, што за неа значи многу производи, а не многу месо или риба.

„Јадам свежо овошје и зеленчук секој ден. Речиси и да не јадам месо. И значително ја намалив консумацијата на риба. Постојат места на светот каде што рибата е единствен извор на протеини за луѓето, па така, во земја како нашата, каде што имаме други можности, би требало помалку да јадеме риба.“

Обожава здрави грицки

Актерката го одржува своето здравје, така што секогаш има нешто здраво за грицкање.

„Имајте здрави грицки при рака помеѓу оброците, и тоа овошје, немасно свежо сирење или кашкавал. Црвеното грозје исто така оди добро со сирење“, заклучила Фонда.

Никогаш не би погодиле колку години имаат: Овие познати личности ја знаат тајната на вечната младост!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.