Ова е дефинитивно едно од најсуровите раскивања на познатите

Мет Дејмон и' го скрши срцето на Мини Драјвер

Многумина се сеќаваат на едно од најлошите јавни раскинувања видени тогаш, во 1998 година, кога денес славниот актер Мет Дејмон јавно ја раскина врската со својата колешка Мини Драјвер.

И тоа не е се’, тоа го направи во најгледаната ТВ-емисија „Шоуто на Опра Винфри“!

Дејмон и Драјвер беа еден од најпопуларните холивудски парови, а медиумите често коментираа дека тие се „недопирливи”.

И навистина беа – сè додека Мет не одлучи да раскине со неа на неславен начин. Мет и Мини беа во врска повеќе од една година кога тој, гостувајќи кај славната Опра Винфри, на прашањето за статусот на својата врска одговори дека е слободен.

Сето тоа го прокоментирала и Мини по емисијата.

Штета што Мет го кажа сето тоа додека гостуваше кај Опра. Очигледно му се чинело како погодна ситуација да објави пред целиот свет дека сме раскинале, но и понатаму мислам дека тоа беше непристојно. Секако, еден месец претходно во друго шоу зборуваше колку ме сака и дека ни е супер заедно”, рекла разочараната актерка по неговиот потег.

14 години подоцна, Мини во едно интервју изјавила дека била млада и вљубена во Мет. Начинот на кој тој раскинал со неа ѝ го скршил срцето, а кога се присетила на врската, рекла дека ѝ е драго што останале во добри односи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.