Направила 50 операции и ослабела 40 килограми за да личи на Анџелина Џоли: Сега изгледа страшно!

Бизарно

Нејзиниот изглед е страшен

Нејзините застрашувачки фотографии беа едни од највиралните. Со својата измислена приказна и неверојатен изглед, таа привлече големо внимание.

Имено, девојката по име Сахар Табар (21) сакала да привлече внимание со својот физички изглед, тврдејќи дека личи на Анџелина Џоли.

Поради својот хорор-изглед, стана позната и како „зомби Анџелина Џоли“.

Таа рекла да направила 50 операции и ослабела 40 килограми за да стане што послична на филмската дива. Многумина се згрозиле од нејзиниот изглед, за подоцна да се дознае дека девојката ги измамила сите, а тоа и самата го признала.

„Сето тоа е фотошоп и шминка. Секогаш кога ќе објавам фотографија, си го цртам лицето на неверојатно смешен начин. Така се изразувам, тоа е дел од уметноста. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице“, порачала Сахар.


Кратко потоа, младата девојка била уапсена врз основа на наводи за „културен криминал и социјална и морална корупција“. Како што пренесува иранската новинска агенција, таа се соочила со обвинувања за богохулие, поттикнување насилство, собирање приходи со несоодветни средства и поттикнување на младите на корупција. Девојката е осудена на 10 години затвор.

Многумина сметаат дека е неправедно обвинета, бидејќи Сахар Табар (21) само се обидувала да направи „зомби Анџелина“ од себе со помош на шминка и фотошоп.

Што мислите вие? Дали оваа девојка е неправедно обвинета?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.