Се запознале кога таа имала 42, а тој 18 години: Меѓу нив има 24 години разлика, но тие се сакаат исто како и првиот ден!

10 години брак

Холивудскиот заводник Арон Тејлор Џонсон ја прославил љубовта со својата 24 години постара сопруга

Познатиот британски актер Арон Тејлор Џонсон (31) и неговата сопруга Сем Тејлор Џонсон (54), неодамна прославиле 10-годишнина од бракот. На забавата што ја направиле по тој повод, тие ги обновиле брачните завети и така ги зацврстиле своите брачни темели.

Фактот што нивниот брак опстанал и по 10 години, и станал уште поцврст, укажува на тоа дека големата разлика во годините ним не им претставува апсолутно никаков проблем.

Тие се запознале во 2008 година за време на снимањето на филмот „Дечкото што не ветува“, што таа го режирала, додека тој глумел во него. Во моментот кога се запознале, таа имала 42, а тој само 18 години.

Забавата што ја направиле за да ја прослават 10-годишнината од бракот била од интимен карактер. На прославата присуствувале само најблиските пријатели и семејството.

Сем се одлучила за модна комбинација која со својот изглед асоцира на венчаница, додека актерот бил облечен во крем костим. Со својот моден избор тие успеале да ги вратат спомените и да се потсетат на моментот кога го изговориле судбоносното „да“.

„Вчера беше најубавиот ден, нашата 10-годишнина. Ги обновивме нашите завети и ги прославивме љубовта и радоста пред нашите најблиски и најдраги пријатели и семејството. Една деценија брак. Тоа беше волшебен и незаборавен ден и сонцето не престана да блеска. Неверојатно сме благословени. Семи, ти си мојата љубов, мојот живот, мојата сродна душа, мојата жена, мојот свет“, напишал Арон на Инстаграм покрај неколкуте фотографии од прославата.


Сем исто така споделила заедничка фотографија со емотивна порака:

„Десет славни години. Мојот неверојатен сопруг, татко на сите четири деца. Те сакам, те сакам, те сакам. Љубовта победува сѐ.“

Двојката има и две деца – 11-годишната Вајлд и 9-годишната Роми, додека Сем има уште две ќерки од претходниот брак.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.