Мајка му го оставила во породилиштето велејќи дека родила чудовиште: Денес овој човек блика од среќа!

Неверојатна приказна

Џоно Ланкастер е роден со Тричер Колинс синдром, поточно без некои коски на лицето, што довело до деформитети и ослабен слух

Овој човек доживеал мајка му да го остави во породилиштето, но среќата победила.

Мајка му кажала дека не чувствува поврзаност со „такво бебе“ и го оставила Џоно во породилиштето, само 36 часа по раѓањето. Бидејќи никој не дошол по детето, тоа било одведено во сиропиталиште, но неговиот живот денес изгледа потполно поинаку.

На повеќето деца што страдаат од овој синдром им требаат повеќе од 70 операции за да можат нормално да живеат, па Џоно се смета себеси за голем среќник. Како што повеќепати изјавил за медиумите, тој не гледа причина да прави операции само за да се разубави.

Џоно Ланкастер го поминал детството во старателски семејства и во сиропиталиште. По неколку дена, една жена одлучила да го посвои. Но тоа не му помогнало на момчето да се прифати себеси и своето лице.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jono Lancaster (@jonolanc)


Дури на 19 години конечно собрал сила да се засака себеси, благодарение на љубовта и поддршката од семејството и пријателите.

„Мајка ми е неверојатно натчовечко суштество со најголемото срце и секогаш е тука за мене. Имам прекрасни пријатели и голема поддршка. Никогаш не престанаа да ме сакаат и да ме поддржуваат“, рекол Џоно во една пригода.

Џоно денес е пораснат, зрел човек кој се обидува да води нормален живот. Сепак, кога ги пронашол биолошките родители преку детективска агенција, се нашол пред уште една животен удар.

„Моите родители сѐ уште не сакаат да ме видат. Но мојот став се менува и тоа е најсилното нешто. Не би менувал ништо. Со вистинскиот став, можете да постигнете сѐ што сакате“, рекол Џоно.

Овој неверојатен човек си изградил живот каков што секој би посакал: опкружен е со голем број пријатели кои тврдат дека тој секогаш е подготвен да им помогне во тешките периоди од животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jono Lancaster (@jonolanc)

Џоно ја пронашол својата сродна душа во неговата најдобра пријателка, со која се венчал и која му родила две деца: син и ќерка. Синот е потполно здрав, додека, за жал, другото бебе се родило со истата болест што ја има Џоно. Меѓутоа, родителите се сигурни дека тоа дете ќе има среќен и долг живот, бидејќи тие секогаш ќе бидат тука за него.

Во 2017 година, Џоно, заедно со двајца најдобри пријатели, ја основал хуманитарната организација Love Me Love My Face, која нуди поддршка за оние кои живеат со фацијални разлики ширум светот, како и помош за медицински третмани и операции.

Тој денес е многу среќен и задоволен човек.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.