Најуспешната ќерка на катарскиот шеик воодушевува со убавината: Има 6 деца, совладала триатлон, а сепак е во сенка на мајка ѝ!

Прекрасна!

Најистакнатата ќерка на катарскиот шеик ниже успеси, а има шест деца

Шеиката Моза ибн Насер е најистакнатата ќерка на шеикот Хамад ибн Халиф ел Тани, кој има седум деца. Ги воодушевила сите со својата појава на Светското првенство во фудбал, а јавноста малку работи знае за неа.

Имено, на оваа дама, образованието ѝ било на прво место. По школувањето во родниот Катар, отишла на студии во Америка, каде што дипломирала на Универзитетот Дјук, додека магистерските студии од областа на човекови права ги завршила на Колеџот во Лондон.

Наследничката на Хамад има 38 години и многу успеси зад себе, но многумина го делат мислењето дека никако не може да дојде до израз од своите славни и влијателни родители, особено од нејзината прекрасна мајка.

Извршувала бројни функции

Ја вршела функцијата на потпретседателка и претседателка на извршниот одбор на Врховниот образовен совет кој прераснал во Министерство за образование и високо образование. Била на висока функција во администрацијата на татко ѝ, кој престолот му го предал на нејзиниот брат, шеикот Тамин.

Потпретседателка е и извршна директорка на Катарската фондација за образование, наука и развој на заедницата, која ја основале нејзините родители. Била ко-претседателка на советодавниот одбор Northwestern на универзитетот во Катар, како и членка и потпретседателка на Управниот одбор на Катарската фондација.

Мајка е на шест деца

Веќе 12 години е во складен брак со шеикот Фајзал бин Тани ел Тани. Гламурозната венчавка била организирана во 2010 година во Доха, а круна на нивната љубов се шесте деца, од кои пет синови и една ќерка.

Нејзините објави на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 140.000 луѓе најмногу се однесуваат токму на децата и на методите на воспитување и образование. Освен тоа, многу следбеници се воодушевени од нејзиниот беспрекорен стил, бидејќи на совршен начин ги комбинира модерните и традиционалните парчиња.

Го обожава спортот

Спортските активности се дел од нејзината секојдневна рутина, па минатата година дури и истрчала триатлон во Хамбург.

„Тоа беше 26 јуни, 2011 година. Ќерка ми беше еден ден стара. Надвор од болницата, патиштата беа затворени, бидејќи требаше да почне трката Ironman. Од тој ден сонував да учествувам на триатлон. Десет години подоцна, го завршив својот прв олимписки триатлон на далечина. Нема да лажам, малку сум разочарана поради околностите на кои тренингот не можеше да ме подготви. Стапалата ми беа вкочанети од студ за време на целата велосипедска трка и во текот на поголемиот дел од трчањето. Чувствувам дека можам подобро, но тоа е гориво за мојата следна трка“, рекла тогаш оваа борбена жена.


Исто така, учествувала на настани што го најавувале Светското првенство. А заедно со родителите и братот, кој е на чело на земјата, присуствувала на свечената церемонија за отворањето.

Жената на катарскиот шеик (63) има совршен моден стил: Ова е нејзиниот највпечатлив бизнис изглед
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.