Жената на катарскиот шеик (63) има совршен моден стил: Ова е нејзиниот највпечатлив бизнис изглед

Светска мода

Моза бин Насер, жената на шеикот Хамад Халифа Ал Таниј, некогашниот катарски емират, важи за икона на стилот и дама со беспрекорен вкус, за што во 2015 година доби и официјална потврда кога беше примена во Меѓународната куќа на најдобро облечените жени во светот.

Оваа 63 годишна жена неодамна се појави во Париз на еден самит кој го организираше УНЕСКО, а кој беше посветен на образованието на децата и нивното право да се школуваат.

Моза беше една од говорничките, а на самото случување се појави во одлично деловно издание, кое не’ воодушеви.

Жената на шеикот се појави во елегантен, ефективен комплет од твид во комбинација на крем и црна боја со смарагднозелени копчиња. Овој луксузен, преубав сет се состои од струкирано сако и панталони со широк крој, а Моза во него изгледаше навистина совршено.

Таа изданието го надополни со црни кожени салонки и брендирана, голема псимо-чанта од кроко-кожа, со црни очила за сонце и прекрасен турбан со истиот дезен како и костумот што го носеше. Моза секогаш носи елегантни турбани како алтернатива на хиџаб, па со текот на времето стана нејзин заштитен знак.

Инаку, во нејзиниот гардеробер се наоѓаат повеќе парчиња од најлуксузните брендови на денешницата, како што се Hermes, Chanel, Valentino, Ralph&Russo, Stephane Rolland… Секако, обожава и скапоцен накит, кој има место во секоја нејзина комбинација.

Нејзиниот стил дава впечаток на гламур и отменост, а одвреме-навреме се врти и кон традицијата, па носи фустани инспирирани од арапските носии. Заљубена е во интезивните, моќни бои, но и раскошни украси на облека покрај волан, светки..

Моза е и самата сопственичка на една модна компанија – таа има 100 % удел во познатата француска компанија за производство на кожна галантерија Le Tanneur & Cie.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.