Чоколадна торта што не се пече: Буквално се топи во уста – сите ќе бараат уште едно парче!

Наједноставниот рецепт

Оваа торта е неверојатно вкусна, а рецептот е многу едноставен и не вклучува печење

Оваа торта е полна со чоколадо и се топи при секое залаче, а што е најдобро од сè – не мора да се пече. Ќе им успее и на оние што немаат преголемо искуство, а сигурно сите ќе ви го бараат рецептот.

Состојки:
  • 1 пакување розен-кори
  • 1,5 л млеко
  • 5 јајца
  • 800 г шеќер
  • 12 лажици брашно
  • 350 г чоколадо за готвење
  • 500 г мелени ореви
  • 4 кесички ванилин шеќер
  • 1 изрендана кора од лимон

За глазурата:

  • 100 г чоколадо за готвење
  • 1/2 шолја млеко
  • 1/2 шолја шеќер
  • 1/2 маргарин
Приготвување:

Матете белки со 800 г шеќер додека шеќерот се разбие, а кога ќе се згусне, додајте жолчки и матете уште малку. Во посебен сад изматете 12 лажици брашно со малку млеко, а остатокот од млекото оставете го да зоврие. Сипете го изматеното брашно во изматените јајца, убаво промешајте за да се соединат. Кога млекото ќе зоврие, тргнете го од рингла и со лажица измешајте го со смесата од јајца и брашно, убаво соединете и вратете го на тивок оган, па сварете густ крем со непрекинато мешање.

Во врелиот крем додајте 300 г чоколадо за готвење и мешајте додека убаво се растопи. Оставете го целосно да се олади со повремено мешање. Во оладениот крем додајте 500 г мелени ореви, 4 кесички ванилин шеќер и рендана кора од еден лимон. Филувајте ги корите тенко, па редете ги една врз друга, благо притискајќи ги за да се спојат. Прелејте ги со глазурата што треба да ја стопите на пареа.

Добар апетит!

Рецепт за гнездо од лешник: Колач кој прво се јаде кога сте на слава!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.