Путер-погача приготвена на традиционален начин: Никогаш помека и повкусна (ВИДЕО)

Рецепт

Нема да можете да ѝ одолеете.

Од кујната на нашите баби ни пристигнува рецепт за путер-погача на која никој не може да ѝ одолее.

Потребно е:

600-700 г брашно

2 јајца

30 г квасец

300 мл млеко

100 г путер

50 мл масло

сол, малку шеќер

1 жолчка

сусам

Приготвување:

Во малку млако млеко растопете го квасецот со лажица шеќер, додајте 2 јајца, масло, потоа остатокот од млекото. Додајте брашно, сол, па замесете тесто.

Оставете го на страна, малку да нарасне тестото, па развлечете го.

Премачкајте со путерот, па ролајте.

Исечете ги ролатите и наредете ги во подмачканиот плех. Оставете ја погачата малку да нарасне, премачкајте ја со жолчката и потоа доставете сусам.

Печете на 200 степени 45 минути. Можете на половина од печењето да намалите на 180 степени.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.