Манекенката ги привлекла сите погледи во Катар: Стилот на Адријана Лима по породувањето ќе го копираат сите нови мајки!

Не им робува на диетите

Се чини дека Адријана Лима го сменила модниот стил по породувањето, но и покрај тоа, нејзиниот изглед не поминал незабележано на Светското првенство

Најпознатата бразилската манекенка Адријана Лима не можела да го пропушти спектаклот во Катар иако неодамна го родила своето трето дете.

Во понеделникот се појавила на трибините, а во вторникот дошла на стадионот Лусаил за да ја поддржи репрезентацијата на Аргентина.

Иако важи за една од најубавите жени на светот, може да се каже дека убавата Бразилка не се оптоварува кога станува збор за враќањето во топ-форма.

Сè уште има вишок килограми од породувањето, но Лима не сака да им робува на ригорозните диети, туку ужива во мајчинството на најдобриот можен начин.

Па така, за натпреварот Аргентина-Саудиска Арабија, одбрала комбинација што со задоволство ќе ја ископираат сите нови мајки. Станува збор за елегантен предимензиониран костим во земјени тонови, кој совршено ѝ ласка на фигурата и ги крие сите евентуални недостатоци.

Веќе неколку сезони е на самиот врв на модните трендови, а што е најважно, многу е практичен и удобен. Идеален е за опуштена дневна варијанта, а со додаток на елегантни чевли и накит може да се претвори во вистинска гламурозна комбинација.

Да се потсетиме, бразилската манекенка во септември добила син со партнерот Андре Лемер, со кого првпат во јавност се појави на Венецијанскиот филмски фестивал во 2021 година. Од српскиот кошаркар Марко Јариќ, Лима се развела во 2016 година, а во бракот добиле две ќерки.

Aдријана Лима не може без Србите: Стигна во Катар во друштво на ќерката на најдобриот српски и фудбалски експерт
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.