Најголемото понижување за Камила Паркер: Еве што ѝ направила кралицата Елизабета!

Новости од британскиот двор

Најголема желба ѝ била да стане кралица на Англија, но Елизабета наводно се погрижила тоа никогаш да не се случи

Според правилата на кралското семејство, синот на кралицата Елизабета, 71-годишниот принц Чарлс, би требало да биде крунисан за крал на Англија кога неговата 94-годишна мајка повеќе нема да има сила да ги извршува своите должности.

Но на дворот веќе некое време се шушка дека кралицата ќе направи исклучок од правилото и ќе го именува принцот Вилијам за крал, а неговата сопруга Кејт за кралица, бидејќи ги смета за подобри владетели од Чарлс и од неговата 73-годишна сопруга Камила Паркер.

Сега се дознало дека кралицата ја навестила својата одлука со тоа што однапред ѝ го одзела правото на Камила да стане кралица еден ден ако Чарлс сепак биде крунисан.

Наместо тоа, открива добро упатен извор од дворот, кралицата одредила дека Камила ќе стане таканаречена „принцеза придружничка“, која ужива значително помала чест и привилегии од кралицата, со што на Камила ѝ го одзела правото да има моќ над преостанатите членови на семејство.

Со оглед на тоа што најголемата желба на сопругата на Чарлс е да стане кралица, со овој потег Елизабета ѝ задала огромен удар. Камила наводно се чувства гневно и потполно понижено и бара од Чарлс да разговара со мајка му и да ја увери да ја промени одлуката.

„Ја боли тоа што Елизабета измисли титула за неа, која никогаш претходно не била користена во кралското семејство и што ѝ одзеде правата кои би ѝ давале моќ над останатите членови на семејството. Но сопругата на Чарлс нема да го прифати ова туку-така, бидејќи најмногу од сè сака да биде кралица Камила“, рекол изворот.

Сепак, британскиот двор овие наводи за сега уште ги нема официјално потврдено ниту демантирано.

Ја прашале Камила Паркер дали ќе ѝ недостасуваат Меган и Хари: Одговорот боли!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.