Ја прашале Камила Паркер дали ќе ѝ недостасуваат Меган и Хари: Одговорот боли!

Напнати односи

Сопругата на принц Чарлс брзо преминала на друга тема

Меган Маркл и принц Хари предизвикале голем скандал во медиумите кога објавиле дека се повлекуваат од кралските должности.

Меган веќе некое време е во Канада, а сопругот Хари ѝ се придружил вчера, но остатокот од кралското семејство и понатаму не може да ги одбегне прашањата за брачната двојка.

Така и војвотката од Корнвол и сопруга на принц Чарлс, Камила Паркер, за време на 40-годишнината на Домот за палијативна нега што го посетила, ја прашале дали ќе ѝ недостасуваат Меган и Хари.

Камила одлучила да одговори внимателно, па си дала кратка пауза, потоа се насмевнала и рекла:

Хммм… Секако“.

https://twitter.com/chrisshipitv/status/1219319844631384065

Видеото од одговорот на Камила веднаш се раширило на социјалните мрежи, а корисниците коментирале дека војвотката дала дипломатски одговор, но во суштина јасно е што навистина мисли и дека овој одговор многу ќе го здоболи принц Хари.

Видео: Twitter @chrisshipitv

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.