Министерот Венко Филипче објасни колку респиратори имаме во моментов и уште колку ќе пристигнат наскоро

Нема место за паника

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва во интервју за ТВ НОВА истакна дека нема некаков ризик од недостиг на респираторни машини.

На Инфективната клиника имаме осум од нив, и досега, историски гледано наназад, на нив се приклучени граѓани што имале компликации од сезонскиот грип кој кај нас, за среќа, опаѓа. Ние добивме задолжение од владата да набавиме дополнителна количина на опрема што веќе го почнавме како постапка, 50 дополнителни машини да стигнат наредната недела и, евентуално, уште 50, во согласност со сегашната проценка“, рече Филипче.

Министерот информираше дека има место каде да се постават респираторните машини и дека има и експерти кои може да ракуваат со тие апарати.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.