Брижит и Летиција во наједноставните комбинации: Вака се облекуваат моќните и префинети дами!

Стајлинг без маани

Префинети дами со исклучителен вкус за мода и стил

Кралицата Летиција и кралот Фелипе ја посетиле Франција каде што се состанале со претседателскиот пар Емануел и Брижит Макрон. Се собрале на церемонија во чест на жртвите на тероризам на првото обележување на Европскиот ден на жртви на тероризам во Франција.

https://www.instagram.com/p/B9qflALp_2i/

И кралицата на Шпанија и првата дама на Франција за оваа пригода одбрале многу слични темносини комбинации.

https://www.instagram.com/p/B9rHumPnZwz/

Кралицата Летиција облекла елегантно, женствено одело сочинето од струкирано сако и панталони со линии со крој „цевка“ под кое носела маичка во истата боја. Стајлингот го надополнила со класични темносини салонки, бисерен ѓердан и дискретни обетки.

https://www.instagram.com/p/B9nMu4VlBDc/

Од друга страна, Брижит носела темносин капут со класичен крој и должина до колена со дворедни златни копчиња, панталони многу слични на оние на Летиција, а темниот стајлинг го разбила со бела кошула.

https://www.instagram.com/p/B9nAwoYokN0/

Совршеното издание, француската прва дама го заокружила со чизми до глужд на висока полна пета во иста нијанса како и остатокот од комбинацијата, како и со црни кожени ракавици и мала црна чанта.

https://www.instagram.com/p/B9nNp2sA-SA/

И Брижит и Летиција изгледале многу дискретно и отмено, а нивните потполно обични и многу секојдневни комбинации лесно можат да ги победат и најгламурозните тоалети.

https://www.instagram.com/p/B9pSHt1ncD0/

Која дама повеќе ви се допаѓа во оваа тегет модна комбинација?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.