Листа на единствените работи што навистина ви требаат во случај на карантин: Не ги празнете рафтовите, купувајте рационално!

Еве во која количина ви се навистина потребни!

Се чини дека настанува општа паника меѓу луѓето, па се купува повеќе одошто е потребно, додека воопшто не се мисли на другите!

Откако се појави коронавирусот и во нашата земја, луѓето полека, но сигурно почнаа да се подготвуваат за евентуалното сценарио што ги погоди Италија и Кина, па почнаа да обезбедуваат резерви на храна и други основни намирници.

Рационалното размислување и желбата семејството да има се’ што е потребно во случај на карантин, не е необично ниту непожелно, напротив сосема е нормално, но по масовното купување и пустите рафтови, гледаме дека меѓу луѓето завладеа тотална паника.

Тоа пред се’ се однесува на полиците со брашно и тоалетна хартија, а во супермаркетите можеме да видиме луѓе со преполни колички со споменатите производи. Најлошо е тоа што луѓето грабаат само за себе, како да ќе бидат затворени со месеци, без да помислат на другите.

Едни купуваат на големо поради паника, други купуваат од страв да не останат без ништо поради масовното купување на првите. И така настанува општа паника.

Пред се’, размислувајте рационално и имајте предвид дека дури и да дојде до карантин, тој нема да трае засекогаш.

Во случај да бидете принудени на 14-дневен карантин, ова е листата на работи што ви е неопходна и нивната реална количина!

Основни намирници:
  • брашно, 5 кг
  • шеќер, 1-2 кг
  • сол, 500 г
  • кафе, 500 г
  • јајца, 20-30 парчиња
  • месо, 2 кг
  • ориз, 1 кг
  • трајно млеко, 3-6 л (зависи од бројот на членовите на семејството)
  • грав, 1 кг
  • кромид, 2 кг
  • компир, 3 кг
  • масло, 3 л
  • тестенини, 3 пакувања
  • јаболка или друго овошје, 2 кг
  • тост или леб на парчиња со подолг рок на траење
Од останатите производи, може да го земете и следново, во разумни количини:
  • туна, 3 конзерви
  • паштета, 3 конзерви
  • замрзнат зеленчук, 1 кг
  • сирење, 2 пакувања
  • мед, 1 тегла
  • палента, 1 кг
  • замрзната риба, 2 кг
  • маргарин или путер, 1 кутиче

Оваа количина намирници е сосема доволна за да се храните разновидно за време на двенеделниот карантин. Секако, според бројот на членови во семејството, количините може да се прилагодуваат.

Потребни работи за домаќинство:
  • тоалетна хартија, 1-2 пакувања
  • средство за дезинфекција, 2 л
  • паста за заби, 1-2 пакувања
  • прашок за облека, 3-5 кг
  • сапун, 2 рачни или 1 л течен
  • гел за туширање, 1 л
  • шампон, 1 л
  • хартиени или влажни марамчиња
  • стандардна домашна аптека (треба да ја имате и независно од коронавирусот)
  • течност за миење садови, 1 л
Ова треба секогаш да го имате во домашната аптека, па и во карантин:
  • медицински алкохол или хидроген, 100 мл
  • исправен топломер
  • лек за спуштање температура
  • спреј за нос
  • сируп за кашлање
  • ханзапласт, газа, завој
Ако имате бебе или мали деца, обезбедете го следново:
  • пелени
  • кашички, специјална храна или адаптирано млеко
  • дополнителни влажни марамчиња (3-4 пакувања)
  • флаширана вода
  • најпотребните лекови прилагодени на возраста на детето (сирупи за намалување на температура, пробиотици)

Да бидеме солидарни – да купуваме разумно и во разумни количини, да не шириме паника и да се сетиме дека и другите луѓе треба да ги обезбедат неопходните работи на најмилите!

Направете сами освежувач на воздух што го дезинфицира просторот: Заштита број 1 од вируси!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.