Првиот заболен пациент од КОВИД-19 во Италија веќе не е во критична состојба

Добри вести

Нулта-пациентот стана симбол на фактот дека коронавирусот може да се лекува дури и кога пациентот е во многу сериозна состојба

Италијанскиот лекар Франческо Мојоли, за магазинотCorriere della Sera, открил како докторите успеаледа ја излечат првата личност заразена од коронавирусот во оваа земја.

Станува збор за 38-гиодишен маж, кој бил сместен на одделението за интензивна 20-ти февруари во многу сериозна состојба, но до 9-ти март повеќе немало потреба да биде приклучен на инкубациска цевка за дишење и закрепнал.

Коронавирусот може сериозно да влијае и на младата популација. Младите имаат повеќе оружје во борбата против вирусот: третман на оживување, кој вклучува и шок-терапија со коктели од антивирусни лекови, антибиотици и експериментално, лекови што се користат за лечење од ХИВ-вирус. Терапијата полесно можат да ја поднесат оние кои физички не ослабнале“, изјавил Франческо Мојоли, пренесуваат од „Вечерни новости“.

 

За лечењето да биде успешно, мора да постои комбинација од три факти: терапија со која се одржува виталноста (хидратација, вештачко хранење итн.), третмани од коктел експериментални лекови и отсутност на дополнителни компликации“, објаснил тој.

Значителен придонес во шансата за закрепнување дава и отсутноста на другите патологии, а тоа значи дека, освен белите дробови, и другите органи треба добро да работат. Кај младите луѓе, лечењето е потешко доколку постојат компликаци во лечењето на другите органи, како што е срцето, џигерот и бубрезите“ – додал Мојоли.

Критичната, но стабилна состојба е добар знак. Мажот е во болница веќе три недели, па докторите успеале да го сфатат текот на болеста: состојбата брзо се влошува, потоа следи втора фаза на стабилизација и конечно – подобрување. Тој сега е во одделот на постинтензивна нега во Сан Матео и се наоѓа во фаза која докторите ја нарекуваат одвикнување и во која шок-терапијата целосно запира. Сам дише и полусвестен е“, навел докторот.

Нулти-пациентот стана симбол на фактот дека коронавирусот може да се лечи дури и кога пациентот е во многу сериозна состојба“ – заклучил тој.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.