Уште една земја прогласи победа над коронавирусот: Вакцинирале 70% од жителите, па ги отвораат рестораните!

Операција „Слобода“

„Време е да ја оставиме најсмртоносната зима зад себе“, вели претседателот на оваа земја

Гибралтар, малата британска енклава, одлучила да ги укине епидемиолошките мерки како полициски час и носење заштитни маски на улица по вакцинацијата на 70 отсто од жителите.

Одлуката била донесена поради многу нискиот број на новозаразени, што е резултат на успешната програма за вакцинација, соопштила министерката за цивилна заштита, Саманта Сакраменто.

Гибралтар, кој се наоѓа на крајниот југ на Шпанија, кон крајот на декември вовел полициски час од 22.00 до 6 часот додека бројот на случаи на заразени бил на врвот.

Полицискиот час, кој бил скратен, во четврток ќе биде укинат, а баровите и рестораните ќе можат да работат до 2 часот по полноќ.

Исто така, од недела се укинува обврската за носење маски на прометните улици на Гибралтар, но останува задолжителна во затворен простор, во продавници и во јавен превоз.

„Конечно ја оставаме зад себе најсмртоносната зима и влегуваме во пролетта што ни носи надеж“, рекол претседателот на гибралтарската влада Фабијан Пикардо.

Пандемијата покосила 94 лица во Гибралтар, повеќето од нив во јануари и февруари, а со вирусот се заразиле 4200 од 34.000 жители. Последнава недела бил пријавен само еден новозаразен, а во болниците во енклавата повеќе нема ниту еден ковид-пациент.

Програмата за вакцинација во Гибралтар наречена „Операција слобода“ овозможила имунизација на повеќе од 24.000 луѓе или на 70% од жителите. Властите се надеваат дека до средината на април сите жители ќе ги примат двете дози од вакцината.

Година на коронавирус – што научивме?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.