Близнаците само ќе ви се насмевнат, Биковите кога-тогаш ќе ви се одмаздат: Еве како реагираат хороскопските знаци на предавство!

Астрологија

Не се расправајте со жената Скорпија, никогаш нема да ви ги прости тоа

Не е секогаш лесно да се прости, а астролозите велат дека секој хороскопски знак има поинаков поглед на работите. Ако се обидете да ги понижите или предадете, еве како секој хороскопски знак ќе реагира во таа ситуација…

Овен

Овните реагираат импулсивно, грубо и сурово. Припадниците на овој знак не отстапуваат од себе и без двоумење ќе ви возвратат на навредите. Понекогаш се каат по изговорените зборови, бидејќи не размислуваат добро пред да прозборат. Меѓутоа, кај нив лутината не трае долго, а Овенот брзо се согласува на примирје.

Бик

Не е лесно да се добие прошка од Бик. Тие се тврдоглави и ретко кога попуштаат. Претставниците на овој знак тешко си ги простуваат и сопствените грешки, а камоли на другите. Ако сте навредиле Бик, тој ќе ви се одмазди кога-тогаш.

Близнаци

Близнаците се луѓе со одлични комуникациски вештини кои ги користат во случај кога некој ќе ги навреди или понижи. Тие најпрво ќе се стават себеси на местото на таа личност и ќе се обидат да ја разберат причината за нејзиниот гнев. Близнаците се смирени, но ако ги навредите, најверојатно само ќе ви се насмевнат во лице и ќе продолжат понатаму.

Рак

Раковите се пречувствителни и емотивно реагираат на секој збор што им е упатен. Кога некој ќе ги навреди, понижи или издаде, тие се повлекуваат и долго ги анализираат зборовите што им биле упатени. Но Раковите имаат и добра особина – сочувствителноста. Ако се стават на туѓо место, брзо ќе ѝ простат на таа личност.

Лав

Лавот секогаш е подготвен да возврати и да се „пресмета“ со зборови. Исто како Овните, и претставниците на овој хороскопски знак знаат да претераат во расправијата. Добро размислете пред да му се спротивставите на Лавот, бидејќи големи се шансите дека ќе ве надмудри.

Девица

Девицата простува многу полесно од сите други, тоа ѝ е во крвта. Таа сака брзо да ги реши сите проблеми и да ги подобри односите. Девиците не ги сфаќаат навредите премногу лично, сосема се мирни, а тоа понекогаш може да ја збуни другата страна. Речиси невозможно е да ги навредите. Тие ќе продолжат понатаму со мирна душа, како ништо да не се случило.

Терезија

Постои голема шанса Терезијата да ја побара вашата прошка откако вие сте ја предале. Терезиите сакаат да имаат хармоничен однос со сите и секогаш им даваат втора шанса на луѓето. Тие ќе останат мирни што и да им кажете.

Скорпија

Скорпиите секогаш се претпазливи, овој хороскопски знак едноставно не знае како да прости. Тие не реагираат бурно на навредите, но бидете сигурни дека ќе ви возвратат со иста мера кога најмалку се надевате. Еднаш кога ќе повредите Скорпија, вашиот однос ќе биде завршен засекогаш.

Стрелец

Под маската на благородните и великодушни гестови се крие огнениот темперамент, кој лесно може да се насочи против вас со сета сила. Астролозите советуваат никогаш да не се расправате со Стрелци, бидејќи се непредвидливи.

Јарец

Луѓето родени во овој знак не реагираат бурно, но ако сте ви повредиле, ќе ве прецртаат без проблем еднаш засекогаш. Јарецот е многу внимателен по природа, па ретко им се отвора повторно на оние што го навредиле.

Водолија

Со Водолиите никогаш не можете да знаете на што сте. Некогаш можат да ви простат прекуноќ и да продолжат како ништо да не се случило, а некогаш им требаат месеци за да прејдат преку навредата, сè зависи од нивното моментално расположение.

Риби

Рибите се најсмирените меѓу хороскопските знаци, бидејќи можат на сите да им простат, што често им се одбива од глава.

4 хороскопски знаци што едноставно не простуваат, а ниту забораваат
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.