Година на коронавирус – што научивме?

Помина повеќе од една година откако првиот случај на коронавирус беше пријавен во нашата земја. И додека бевме зафатени со миење раце, носење маски и социјално дистанцирање, медицински експерти, лекари и научници се обидуваа да откријат каков вид на вирус нè нападна. Што научивме во изминатата година за вирусот КОВИД-19?

Коронавирус: Што откривме?

Пред една година, научниците претпоставија дека новиот коронавирус, САРС-КоВ-2, најверојатно се развил во лилјаци, а на луѓето бил пренесен преку други животни. Ова е сè уште најверојатната теорија, за која се залага и СЗО.

За пошироката јавност ова звучи како почеток на филм од научна фантастика, но вирусолозите воопшто не се изненадени.

Всушност, постојат седум типа на „човечки“ коронавируси, а четири кружат меѓу населението со години. За овие четири вируси се смета дека се одговорни за 30% од човечките случаи на грип.

Но, САРС-КоВ-2 потсетува на два потенцијално фатални: САРС (тежок акутен респираторен синдром) и МЕРС (Средноисточен респираторен синдром).

Она што е невообичаено во врска со САРС-КоВ-2  е тоа што е помалку смртоносен од САРА и МЕРС, но е глобален, потраен и има пошироко влијание. 

Зошто симптомите на коронавирус траат толку долго?

Кај поблаги форми на коронавирус, симптомите траат околу две недели, но кај потешките, тие можат да бидат присутни и до шест недели.

Сепак, околу 10% од заразените имале симптоми со месеци, додека од друга страна, некои од оние позитивни на овој вирус немале никакви симптоми. И токму тоа ги збунува научниците. Покрај тоа, нема правила и сите страдаат од коронавирус, без оглед на возраста.

Синдромот пост-КОВИД-19 исто така има широк спектар на симптоми – од тежок замор, вртоглавица и гадење, до главоболки и губење на чувството за мирис и/или вкус. Исто така, некои пациенти имале само еден симптом, а некои дури и 15. Експертите сè уште не се сигурни зошто процентот на инфекција е помал кај децата отколку кај возрасните.

Во текот на изминатата година, лекарите и научниците првенствено се фокусираа на борбата против вирусот, со цел да го забават ширењето на вирусот преку вакцинација.

Зошто децата се заразуваат значително помалку коронавирус?

КОВИД-19 е потврден кај помалку од 10% од децата на возраст од 5 до 17 години, а кај оние под четири години, процентот е само 2%. Експертите не се сигурни зошто децата се разболуваат поретко, но една интригирачка теорија вели дека протеинот наречен ангиотензин е одговорен за ова. Децата природно имаат помалку од ангиотензин во организмот, а коронавирусот се врзува токму за овој протеин и на тој начин влегува во клетките.

Лекување од коронавирус

Третманот на коронавирусот е, како што е познато, многу разновиден и зависи од симптомите – од лекови до болничко лекување и респиратори.

Едно од највредните откритија вклучува дексаметазон, стандарден стероид кој спречува имунолошкиот систем да реагира прекумерно на новиот коронавирус. Исто така, едноставна стратегија наречена „пронинг“ вклучува поставување на пациентот на стомак за полесно дишење.

Коронавирус и маски: митови и вистини

Од почетокот на пандемијата, јасно е дека вирусот се пренесува преку воздухот по пат на капки. Кивање, кашлање, зборување, пеење, па дури и само дишење можат да го пренесе вирусот преку воздухот. Затоа, јасно е зошто ни требаат маски. Тие претставуваат бариера помеѓу нашите дишни патишта и самиот вирус.

Неколку студии го документираа процентот на ширење на коронавирусот во градовите, пред и по задолжителното носење маски. Податоците беа јасни: по одлуката дека маските се задолжителни, имало помалку заболени лица.

Големата грешка, согласни се експертите, е што носењето маски првично беше опционално и отворено за толкување дека маските не се ефикасни.

Коронавирус и иднината

Никој не може со сигурност да каже кога ќе заврши пандемијата. Колективниот имунитет е, според медицинските експерти, единствениот начин да се намали ширењето на коронавирусот. Се предвидува дека и во иднина ќе продолжиме да носиме маски во одредени ситуации, како што се одење во кино, преполн јавен превоз или во трговските центри.

Кога ќе дојде денот да се собираме, дружиме, да одиме во кафулиња, ресторани и концерти без страв? Тоа зависи од тоа како вирусолошката состојба понатаму ќе се развива, но исто така и како поединците и владите во светот ќе реагираат на можните понатамошни промени во самиот вирус.

Прочитајте и: Со пролетта доаѓа алергијата на полен – како да ја спречите и ублажите?

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.