Што правите веднаш по сексот?

Прегратка, вечера или заспивање?

Што правите веднаш по интимниот однос? Некои партнери сакаат да се гушкаат подолго време, други заспиваат скоро веднаш, трети стануваат да јадат или пијат. Но, дали тоа на некој начин ги менува луѓето во долгите врски? Според истражувањата, да!

Ако ја земете предвид новата студија објавена во американското издание на Архивата за сексуално однесување, во која учествувале неколку стотици испитаници, колку подолго паровите поминуваат лежејќи во прегратка или на друг начин изразуваат физичка наклонетост по сексот, толку е посилна и посигурна врската.

Учесниците биле прашани за времето кое обично го поминуваат „после секс“, во предиграта и самата интимност – и колку се задоволни од нивната врска во моментот. Резултатите покажале дека колку повеќе време луѓето поминуваат во пост-сексуално галење, толку се позадоволни од својот живот (ова важи и за жените и за мажите).

Во друга студија, истражувачите оценувале 101 двојка во текот на три месеци (од кои 94% биле хетеросексуални парови). Во текот на првите три недели, учесниците биле секојдневно прашувани за нивниот сексуален живот, а студијата ги вклучувала истите прашања кои биле поставувани и во првата студија. Три месеци подоцна, од учесниците било побарано уште еднаш да одговорат на истите прашања за задоволството од врската.

Се разбира, во овие случаи е можна и обратна причинско-последична врска: хармоничниот однос ги поттикнува паровите да лежат во прегратка по интимните односи.

Како вие го поминувате вашето време?

Прочитајте и: Причини зошто жените чувствуваат болка за време и после секс

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.