Ослободете се од стресот брзо и едноставно со овие природни „антидепресиви“

Фото: Pexels

Ги откриваме најдобрите природни „антидепресиви“.

Во денешниот свет, луѓето постојано се соочуваат со стрес – бурното темпо на живот, прекумерните побарувања од себе, големиот проток на информации, пандемиите и сè останато, придонесуваат за зголемено чувство на непријатност и вознемиреност.

Не е изненадувачки што многумина од нас едноставно не се справуваат со сите проблеми и започнуваат да земаат антидепресиви. Сепак, според психијатрите, овие лекови често доведуваат до сериозни несакани ефекти кои влијаат на нашето здравје. Како инаку можете да се справите со стресот и вознемиреноста без апчиња?

За што служат антидепресивите?

Пред да одговорите на ова прашање, треба да разберете како тие делуваат. Депресијата кај луѓето се јавува поради намалување на нивото на хормони на среќа во мозокот – серотонин, ендорфин, допамин и ексцитоцин. Антидепресивите работат на враќање на нормалното ниво на овие супстанции. Важно е да се запамети дека ваквите лекови се земаат строго според рецепт на лекар, откако ќе се постави соодветната дијагноза.

Ако се чувствувате уморни, апатични или вознемирени од време на време, не брзајте во аптека за апчиња. Наместо тоа, прилагодете ја вашата исхрана со додавање на неколку здрави намирници – природни антидепресиви кои ќе направат да се чувствувате подобро.

Рибино масло и ленено семе

Најновите истражувања покажуваат дека храната богата со омега-3 се смета за една од најдобрите природни антидепресиви. Обидете се да јадете најмалку два оброка со риба неделно. Ако не сакате риба, користете маслиново или ленено масло наместо сончогледово во салатата, како алтернативен извор на здрави масти.

Месо, леќа, овесна каша

Храната богата со витамини од групата Б го регулира метаболизмот и го зајакнува имунитетот, но најважно, ги намалува негативните ефекти на стресот врз организмот. Покрај тоа, го подобрува расположението и го зајакнува нервниот систем. Зелениот зеленчук содржи големи количини на витамин Б9 и фолна киселина, па додајте го во изобилство во супи, салати и чорби. Витаминот Б1 или тиамин се наоѓа во леќата и овесната каша. Витаминот Б12 го внесуваме најмногу преку храната од животинско потекло, како месо и јајца.

Млечни производи и овошје

Исто така, вреди да се спомене дека серотонинот, еден од главните хормони на среќа, се ослободува од аминокиселините триптофан и гликоза. Триптофанот е застапен во млечните производи (особено во сирењето), во урмите, сливите, смоквите, доматите и темното чоколадо. Гликозата изобилува во овошјето, зеленчукот, бобинките и медот. Помогнете му на вашето тело да создава триптофан јадејќи повеќе месо, живина (особено мисирка) и протеини од соја.

Морска храна и зелка

Морската храна содржи сложени јаглехидрати, тие имаат најмногу нутриционистички својства на антидепресиви. Обидете се да внесете школки во вашата исхрана, но и карфиол, брокула и житни култури.

Не заборавајте дека е сосема можно да влијаете на вашата ментална состојба не само благодарение на правилната исхрана, туку и на физичката активност, позитивното размислување и правилниот начин на живот.

Не грижете се за проблемите, откривајте нешто ново секој ден, почесто прегрнувајте ги семејството и пријателите – ова е најдобриот начин за природно и безбедно зголемување на нивото на хормони на среќа и справување со стресот.

Прочитајте и: Појадок по рецепт на нутриционист: Ако сакате силен имунитет, секое утро јадете го ова!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.