Појадок по рецепт на нутриционист: Ако сакате силен имунитет, секое утро јадете го ова!

Вкусно и здраво

Започнувајте го секое утро на овој начин и организмот ќе ви биде благодарен

Добро познато е дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, па затоа мора да биде добро балансиран. Намирниците што ги внесуваме во организмот играат важна улога и одредуваат како ќе се чувствуваме во текот на денот.

Нутриционистката Мери Клејн советува секое утро да го започнувате на овој начин за организмот да ви биде благодарен.

Состојки:
  • 1 канче грчки јогурт
  • 1 јаболко (исечкано на коцки)
  • 1 лажица мед
  • 40-50 г сечкани бадеми
  • половина лажица цимет
  • 30 капки прополис
  • 3 лажици овесна каша и суво или свежо овошје по избор
Приготвување:

Варете го јаболкото во вода додека омекне, а потоа направете каша, така што ќе го изматите во блендер.

Додека го варите јаболкото, сварете вода и во неа додајте ги овесните снегулки. Варете ги и постојано мешајте додека добиете хомогена смеса (ќе ви треба околу една минута).

Потоа, измешајте ги јаболката и овесните снегулки и додајте јогурт, бадеми, цимет, прополис и мед. На крај, додајте ситно сечкано суво или свежо овошје и појадокот е готов.

Еве зошто овој појадок е толку добар:

Јаболкото го апсорбира холестеролот од храната и ја подобрува работата на дебелото црево. Изобилува со цинк кој го зајакнува имунитетот. Исто така, добра извор е на витамин Ц, благодарение на овошјето. Медот докажано дејствува поволно на имунитетот, а јогуртот содржи корисни бактерии кои влијаат поволно врз здравјето на дигестивниот систем, а со тоа и врз зајакнувањето на имунитетот.

Зошто треба да јадете киви за појадок
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.