Најконтроверзното и најшокантното видео на прва дама во историјата: Му седнала во скут и го бакнала во чело! (ВИДЕО)

Ненси Реган и Мистер Ти

Погледнете го официјално најскандалозното видео во режија на првата дама што настанало кон крајот на 1983 година

Ненси Реган, некогашната прва дама на Америка, во 1983 година за кампањата против дрога, што ја водела со сопругот Роналд Реган, го поканила американскиот актер Лоренс Туро (68) попознат како Мистер Ти, за да го расположи малку народот во Белата куќа.

Актерот, што го глумел Клабер Ланг во филмот Роки 2 од 1982 година, во тоа време бил на врвот на славата, а поканата на првата дама на Америка ја сфатил како сериозна задача, па дошол облечен како Дедо Мраз. Викал „хо, хо, хо“ и барал некој од присутните да му седне во скут и да го бакне во чело.

Меѓутоа, никој не сакал да го направи тоа, па на сцена настапила Ненси Реган. Му седнала во скут и го бакнала во чело!

Иако сакала да внесе малку живот во здодевната божиќна прослава во Белата куќа, нејзината постапка се сметала за контроверзна.

Дури и Мистер Ти веднаш искоментирал: „Вау, ова ќе покрене скандали“.

Иако било малку скандалозно и ненадејно, спротивно на нејзините очекувања, никој не ѝ го зел тоа за зло, а видеото и фотографијата станале хит помеѓу Американците.

Мистер Ти и Реган оттогаш станале пријатели, а неговото име било на една од илјадниците покани за нејзиниот погреб во март 2016 година.

Исто така, актерот повеќе пати истакнал дека ова му бил омилениот момент во кариерата. Погледнете како изгледало ова…

https://www.youtube.com/watch?v=J8jj8_CdmkY

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.