Според експертите, овие 5 факти за еректилната дисфункција треба да ги знае секоја жена!

Еректилната дисфункција е нарушување на сексуалната функција кај мажите, што се манифестира со неможноста да се постигне или одржи ерекција со доволна цврстина за време на сексуалниот однос.

Проблемот настанува кога мажите се срамат од ова нарушување и одбиваат да побараат стручна помош, но и кога нивните партнери за истото ја бараат причината во себе. Ова нарушување може да се третира и во повеќето случаи резултатите од третманот се успешни и видливи за многу кратко време. Прв чекор во лекувањето на еректилната дисфункција е отворено да се зборува за тоа. Но, до овој разговор најчесто воопшто не доаѓа, што прави обете страни да се фрустрираат од нерешеното прашање. Она што жените треба да го знаат кога станува збор за еректилна дисфункција е фактот дека тие не се причина за истата. Причината за еректилна дисфункција често се наоѓа во други, физички или ментални здравствени проблеми на мажите, како што се дијабетес, висок холестерол, висок крвен притисок и депресија.

Факти што секоја жена чиј партнер има еректилна дисфункција треба да ги знае

Еректилната дисфункција може да доведе до потешкотии во врската и често влијае на самодовербата на обете страни. Ако за овој проблем не се зборува отворено и без срам, тоа може да доведе до заладување на односите и конфликтни ситуации.

Ова се неколку работи кои жените треба да ги знаат доколку нивниот партнер се соочува со еректилна дисфункција:

Здравствени причини за еректилна дисфункција

Ерекцијата се јавува при сексуално возбудување, на кое влијаат голем број физички и ментални фактори. Еректилна дисфункција се јавува поради разни здравствени проблеми кои влијаат на циркулацијата на крвта. Ова можат да бидат проблеми со крвниот притисок, прекумерна тежина, дијабетес, проблеми со хормони, генетски предиспозиции, но и голем број ментални и емоционални проблеми.

Еректилната дисфункција е многу почеста отколку што мислиме

Еректилната дисфункција влијае на дури 30 проценти од сексуално активните мажи на возраст под 40 години. Последица на избегнување на зборување за овој проблем е, меѓу другото, и неможноста за третман, бидејќи лицето не добива професионална дијагноза.

Еректилната дисфункција може да се третира

Ако за овој проблем отворено се дискутира и навремено се побара стручна помош, може да се третира брзо и лесно.

Едукацијата е клучна во разбирањето на проблемот

Најлошите последици се јавуваат кога проблемите се игнорираат и кога разговорот за еректилна дисфункција се избегнува, особено поради чувството на срам. За да му олесните на вашиот партнер, но и себеси, посветете се на едуцирање за темата. Кога оди на лекар, бидете негов придружник и поддршка. Исто така, не плашете се да поставувате прашања и да научите од професионалецот од кој барате помош.

Проблемот не е во вас

Реакцијата на многу жени за еректилната дисфункција на нивниот партнер, најчесто е да ја префрлат причината за проблемот кон самите себе. Но, еректилната дисфункција во повеќето случаи се јавува поради индивидуалните физички или ментални здравствени проблеми на личноста и вистината е дека воопшто не зависи од вас.

Прочитајте и: ХПВ факти што треба да ги знае секоја сексуално активна личност

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.