5 златни правила што водат кон посреќен и поисполнет живот

Вистинската среќа доаѓа одвнатре и не постои волшебна формула за среќа и исполнување што ќе одговара на секоја личност.

Но, сепак, кога станува збор за среќата, ние сме во состојба да правиме разни работи и да преземеме чекори што доведуваат до големи промени. Тоа исто така значи дека заради среќа честопати ќе ги слушаме другите, ќе ги испробаме нивните „тајни формули“ и ќе ги следиме советите на оние кои тврдат дека сепак можеме да научиме неколку универзални правила за вистинска среќа. Иако среќата кај секоја личност доаѓа во малку поинаква форма, психологот Ишита Мукерџи тврди дека постојат пет златни правила кои водат кон посреќен и поисполнет живот.

Живеење во сегашноста, не во минатото или иднината 

Иако „тука и сега“ е она што сигурно го имаме, а сегашноста е време во кое навистина се наоѓаме, голем број луѓе свесно или несвесно живеат во минатото и / или иднината. Живеењето во минатото и иднината значи да се држиме до работите што поминале или сè уште не се случиле. Да се ​​живее она што било или што можеби никогаш нема да биде, значи да се живее во постојана анксиозност и страв од работи на кои (повеќе) не можете да влијаете. Спротивното значи да се живее во сегашниот момент.

За многумина, оваа практика е многу тешка. Ако сте научиле да ги миете садовите, да подготвувате ручек или да правите некоја друга дневна задача, размислувајќи за работи од минатото или иднината, ќе треба да научите да му дадете целосно внимание на она што го правите во моментов. Така, ќе вежбате да бидете присутни во секое време. Значи, ако сакате да бидете поприсутни, едноставно фокусирајте се целосно на она што го правите. Ако лупите јаболко – излупете го јаболкото без да размислите за кавгата што ја доживеавте вчера. Ако разговарате со пријател – слушајте го и внимателно впијте го секој негов збор.

Не се споредувајте со другите

Споредувањето со другите е старо скоро колку и самиот човек, а денес, во ерата на социјалните мрежи, тоа стана нормален начин на размислување и функционирање. Се споредуваме со луѓе кои не ги познаваме и посакуваме за нивниот живот, несвесни за фактот дека скоро секој има свој начин. Единствената личност со која треба редовно да се споредувате сте вие самите. Нема ништо лошо во следењето на сопствениот напредок. Ние претежно знаеме само за туѓа патека и го гледаме она што е на површина, па споредувањето на себе си со другите не е здрав или посакуван потег.

Научете да пуштите

Понекогаш сме повредени од други луѓе, понекогаш од сопствени постапки се повредуваме себеси. Но, колку и да сме повредени, не треба да се држиме до тоа. Чувството на вина, инает, лутина и бес не води никаде. Затоа е многу важно да научите да простувате, да си простувате себе си и на другите. Не казнувајте се за грешките што сте ги направиле во минатото бидејќи тоа ќе го спречи вашиот напредок. Научете да им простувате на луѓето кои ве повредиле и држете се подалеку од нив ако не ги сакате во вашиот живот.

Бидете благодарни

Честопати не сме свесни за она што го имаме и често забораваме да се заблагодариме за сите мали и големи работи што ја сочинуваат среќата. Истражувањата покажаа дека изразувањето благодарност има корисен ефект врз физичкото и менталното здравје и го подобрува социјалниот живот и чувството на припадност во заедницата. Д-р Мукерџи тврди дека најлесниот начин да се изрази благодарност е да се воведе ритуал на благодарност пет минути пред спиење. Не ви треба дневник, пенкало или какво било друго помагало за овој ритуал. Сè што треба да направите е да се заблагодарите за работите што ви значат пред да заспиете. Можете исто така да изразите благодарност со тоа што ќе запишете во дневник или ќе го кажете тоа на глас. Не мора да биде дел од вашата вечерна рутина, односно можете да ја искажете својата благодарност во кое било време од денот.

Чистење

Додека одржувањето на вашиот животен простор чист не звучи како активност што го менува животот, придобивките од средувањето се повеќекратни и разновидни. Затоа многу експерти потенцираат дека е најдобро денот да се започне со средување на креветот. Чистата и уредна околина ни дава јасност и мотивација за работа, како и бран на позитивна енергија.

Прочитајте и: Како да им кажете на најблиските дека ви треба време само за себе?

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.