Не е само корона: Состојбата на Цеца Бојковиќ е влошена поради дополнителен фактор

Пронајдена ѝ е ретка бактерија

Еве што открија многубројните анализи

Иако е хоспитализирана поради инфекција со коронавирусот, состојбата на актерката Светлана Цеца Бојковиќ се влошила бидејќи поради константната температура дошло до компликација. Имено, анализите утврдиле присуство на уште еден фактор, кој е клучен за нејзината здравствена состојба.

По големиот број анализи и тестови поради коронавирусот, на актерката ѝ е дијагностицирана т.н. болничка бактерија и затоа ќе мора подолго време да остане во болницата – неопходно е да ѝ се следи состојбата, да е во изолација и високо ниво на хигиена.

Оваа ретка, но упорна болничка бактерија клостридија најчесто се добива по долготрајна употреба на антибиотици.

Цеца, поради сите симптоми на оваа ретка болест, која пред сè ги напаѓа повозрасните лица, но и оние што имале некаква хируршка интервенција или подолго време биле на антибиотска терапија, е сместена во болницата ‘Драгиша Мирковиќ’, каде што и понатаму ќе се лекува“, открива извор од споменатата установа.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.