Новиот емотивен партнер на Цеца во најслатка прегратка (ФОТО)

Многу е приврзан за НЕА!

Откако ја обелодени врската со пејачката, го заследија 10.000 нови следбеници на Инстаграм

Богдан Срејовиќ (39), новиот емотивен избраник на Цеца Ражнатовиќ (48), беше активен на Инстаграм, каде што сподели фотографија од зимскиот одмор на Копаоник, каде што престојува со својата девојка и со 5-годишната ќеркичка Искра.

Убавата фотографија ја лајкуваше и Цеца, а Богдан откако обелодени дека е во врска со популарната пејачка го заследија 10.000 нови следбеници на Инстаграм.

Bogdan Srejović

Потсетуваме, Цеца и Богдан уживаат во луксузен апартман на Копаоник, за кој ќе платат 4.000 евра за 4-дневниот престој.

Пејачката одлично се согласува со ќерката на својот избраник.

Цеца генерално сака деца, а во Богдан е толку многу вљубена што малата Искра едноставо ја обожава. На Богдан му е полно срцето кога ги гледа колку убаво се согласуваат. Најважно му е неговото дете да ја прифати Цеца, а малечката засега одлично реагира на новата девојка на тато“, пренесува доброинформиран извор.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.