Мила како јагне, опасна како волк: Која навистина била султанката Хурем?

Историски податоци

Немала што да изгуби, се фокусирала на престолот и го добила тоа што ниедна жена претходно не можела да го добие

Западниот свет ја памети како Рокселана, а ориенталниот како султанката Хасеки Хурем. Сепак, родена е како Александра Анастазија Лисовска во 1506 година во денешна Украина, тогашна Царска Русија.

Татко ѝ бил православен свештеник и имала сосема обичен живот, додека кримските Татари не ѝ го убиле семејството, а неа ја одвеле како робинка и ја продале за харемот на моќниот Сулејман Величествениот.

Народот за неа велел дека е вештерка и бајачка, а европските дворови ја сметале за најголема сплеткарка која не се плаши од никого и од ништо.

По природа била борбена, лукава, вешта во манипулирањето со луѓе, мила како јагне и опасна како волк, таа донела одлука да стане господарка. Со својата мила насмевка и радоста со која зрачела брзо го освоила владетелот и станала негова миленичка, а потоа и жена.

Во меѓувреме, таа промислено и со намера го прифатила исламот, за да напредува на скалата на моќта. Следниот чекор бил раѓање дете и тоа машки потенцијален наследник на султанот.

Како огнена жена со јасна цел да им го обезбеди престолот на своите синови, вешта во интриги и многу блиска со султанот, промислено ги елиминирала противниците еден по еден. Таа била првата робинка што станала султанка. Таа била првата жена со којашто се венчал еден султан.

Рокселана или Хурем е единствената султанка на која по раѓањето на принц наследник ѝ било дозволено да остане со султанот на дворот цел живот.

Таа била единствената жена која имала улога на советничка на султанот. Таа донекаде ја зајакнала улогата на жените на османлискиот двор, способно од сенка да влијае врз колебливиот владетел.

Последната желба на султанката Хурем: Зборови од кои му се стегнало срцето на Сулејман Величествениот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.