Последната желба на султанката Хурем: Зборови од кои му се стегнало срцето на Сулејман Величествениот

Го сакала само него

Една од најголемите љубови што ја памети историјата

Малкумина знаат дека познатата султанка Хурем, сопруга и најголема љубов на султанот Сулејман, е родена како Александра Анастасија Лисовска. Родена е на територијата на денешна Украина и пораснала во православно семејство. Татко ѝ бил свештеник.

Таа како и многу други девојки во тоа време, била одведена во Османлиското царство како бело робје. Според легендата, големиот везир Ибрахим паша му ја подарил Александра на Сулејман и така таа стигнала во султановиот харем, кој броел околу 300 робинки. Исто така, легендата вели дека султанот се вљубил во неа во истиот момент кога ја здогледал.

Султанот бил воодушевен од нејзината харизма, нејзината мудрост и начин на размислување, па брзо ја зел за блиска партнерка, а потоа и за сопруга. Преминала во исламска религија и му родила шест деца на Сулејман. Иако имал уште три сопруги, се верува дека најмногу ја сакал Хурем, дека постојано ѝ угодувал и поради тоа, таа имаа големо влијание врз политиката на Османлиското царство.

Заедно преживеале многу среќни и тажни моменти, загуба на синовите, венчавање на ќерките, раѓање внучиња… Нивната љубов се смета за една од најголемите што ги памети историјата.

Последната желба на султанката Хурем

Пред смртта на султанката Хурем, парот бил раздвоен некое време. Кога се сретнале по долго време, Сулејман ја одвел да ја види изградбата на новата џамија и тогаш ѝ кажал дека неговата душа е таму и дека срцето засекогаш ќе му остане во таа градба.

Сулејман во текот на животот ѝ ги исполнил сите желби, но последната желба го трогнала и за последен пат му докажала колкава била љубовта на Хурем кон него.

Знаела дека ќе умре и го замолила султанот и таа засекогаш да почива на местото каде што рекол дека неговите срце и душа засекогаш ќе почиваат – во таа џамија, која го добила името Сулејманија.

Желбата ѝ била исполнета, а и самиот Сулејман ја искажал својата последна желба пред смртта – да го погребаат покрај неа, во истата џамија.

Султанот ја надживеал Хурем осум години и по нејзината смрт, во неговиот живот повеќе немало ниту една друга жена.

На смртната постела, султан Сулејман имал три желби: Сите занемеле кога ги чуле!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.