Дали знаете дека ефектите од менувањето на часовникот може да траат со недели?

Бидете внимателни

Фото: Unsplash

Минатиот месец започна летното сметање на времето. Часовниците се поместија за еден час напред, а експертите веруваат дека заштедата на дневно време и еден час помалку спиење имаат негативно влијание врз здравјето на луѓето.

За почетОк, се појавуваат проблеми со несоница што може да трае до неколку дена. Покрај тоа, една од последиците е главоболка. Како резултат на тоа, се јавуваат замор и недостаток на концентрација и послаба продуктивност при работа. Ова е потврдено со студијата објавена во 2012 година во весник за применета психологија, во која се утврди дека на првиот работен ден по промената, Гугл забележал значително повеќе пребарувања поврзани со забавни работи како Јутјуб.

Данска студија открила зголемување од 11 проценти од случаите поврзани со депресија по промената на часовникот, а една австралиска студија тврди дека бројот на самоубиства е зголемен во овој период.

Исто така се покажа дека има негативен ефект врз кардиоваскуларното здравје. Поточно, истражувањето покажало дека ризикот од срцев удар и мозочен удар се зголемува ден по поместувањето на часовникот. Покрај тоа, некои студии укажуваат на тоа дека првиот понеделник по смената ги зголемува шансите за срцев удар за дури 25 проценти. Ова е потврдено со шведска студија која тврди дека ризикот од срцев удар се зголемува во првите три работни дена по започнувањето на проментетото сметање на времето.

Прочитајте и: Еве што се случува со вашето тело кога сте ненаспани

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.