Фустанчето по кое сите полудеа: Мини летен фустан што освојува со едноставноста и убавината
Едноставен а совршен
Едноставност и спортска елеганција се двата збора што совршено го опишуваат
Ова лето, како и претходните, во мода се природни материјали, а еден од нив, секако, е памукот кој не само што е пријатен, туку е и многу практичен кога се големите летни горештини во прашање.
Но за да не губите на убавина и трендовски изглед на сметка на удобноста, тука е фустанот што ги освои срцата на сите љубителки на модата и модните инфлуенсерки.
Станува збор за мини памучен фустан со едноставен крој. Пресечен е високо под градите, со ракави до лакот, кои секако можете опуштено да ги подвиткате.
Моделите се достапни чисти, без ништо, или во варијанта со копчиња и/или класична или „руска“ јака, за да потсетува на фустан-кошула и без никакви дополнителни украси. Минимализмот дефинитивно е во тренд.
Фустанот е најатрактивен во својата наједноставна варијанта – во бела боја, но ништо помалку атрактивна не е ни во преостанатите нежни нијанси во кои можеме да ја видиме – нежна пастелна розова, светло крем и боја на мраз.
Оваа мини-убавица е совршена за дневен стајлинг, бидејќи оди фантастично со едноставни патики или рамни сандали, но со добар накит и модни додатоци може да послужи и за вечерно излегување. Фантастично се вклопува со макраме-чанта, која моментално е најголем хит!
Уште и ако потемните малку, светлата боја дополнително ќе дојде до израз и ефектот ќе биде „вау“!