Меган објавила посебно видео за 40-от роденден: Следбениците ја исплукале! (ВИДЕО)

Погледнете

На крајот од видеото се појавува и Хари кој жонглира во дворот

Меган Маркл по повод 40-от роденден го објавила првото видео во кое се појавува по раѓањето на ќерката Лилибет Дајана.

Војвотката од Сасекс го снимила видеото во својот дом во Монтесити во Калифорнија, а во еден момент може да се види работната маса на Меган на која има досега невидени семејни фотографии.

За видеото што го објавила на инстаграм-профилот на фондацијата Archewell, Меган ја ангажирала актерката Мелиса Мекарти. Целта ѝ била да го промовира својот нов проект 40х40, со кој сака да им помогне на жените кои останале без работа поради пандемијата. Во позадина може да се види едно од нејзините кучиња, склопчено на перницата зад неа.

На крајот од видеото се појавува и Хари, кој жонглира во дворот. Покрај коментарите за поддршка, имало и такви од кои може да се види дека луѓето сè уште не можат да ѝ го простат минатото на Меган, семејните односи и луксузот во кој живее.

„Колку убава идеја, се надевам дека и ти ќе поминеш 40 минути со татко ти, бидејќи времето е подарок; Добро е да се види дека имаш кловн за жонглирање; Најдобриот дел од целото ова видео е кучето“, се само некои од коментарите на следбениците што не биле импресионирани од видеото.

Во текот на разговорот, внимание привлекле и двата дизајнерски ѓердани на Меган кои ги претставуваат хороскопските знаци на нејзините деца, синот Арчи, кој е роден во знакот Бик, и ќерката Лилибет која е родена во знакот Близнаци.

Ѓерданите ги дизајнирал Логан Холовел. Станува збор за парчиња од 14-каратно злато и дијаманти или бели сафири. Ѓерданот посветен на Арчи чини 1.600 долари, а цената на ѓердан посветен на ќерка ѝ е 1.785 долари.

Зајадливите коментари се на сметка на видеото во кое војвотката се залага за помош на жените со егзистенцијални проблеми, па затоа и можеби не се толку чудни.

Меган Маркл слави јубилеј: Што вели кралицата?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.