Врвен гулаш од редна со зеленчук: Домаќински ручек достоен и за свечена трпеза!

Рецепт за десетка

Вкусот на совршенството

Состојки:
  • 1 кг јунешко месо, од бут
  • 2 главици кромид
  • 3 моркова
  • 3 чешниња лук
  • 4 пиперки, бабури
  • 1 конзерва домати пелати (мала конзерва, а можете и да исечкате свеж домат на ситни коцки или да го сомелете)
  • 200 г шампињони
  • 1 рамна лажица сув зачин
  • 100 мл масло или маст
  • 1/4 лажиче сол
  • половина лажиче бибер
  • 1 лажиче црвен мелен пипер
  • 1 лажица сушен лист од магдонос
  • 1 лажица брашно
  • малку вода
Приготвување:

Исечете го месото на покрупни коцки. Загрејте масло на силен оган, па спуштајте ги парчињата месо така што меѓу нив ќе има простор за да не се лади маслото, туку месото веднаш да се пржи.

Од 1 кг месо ќе имате две тури за печење. Како што го пржите месо така веднаш спуштајте го во садот за гулаш. Додека месото се пржи, исечкајте го кромидот на коцки и морковот на подебели кругови. Во садот во којшто се пржело месото, спуштете го кромидот, посолете малку и пропржете го неколку минути. Додајте морков и промешајте. Оставете го уште неколку минути. Тргнете го од оган, па сипете го врз месото.

Отстранете ги семките од пиперката, измијте ја, па исечете ја и веднаш ставете ја во садот. Исечкајте ги шампињоните на листови. Додајте го доматот, свеж и исечкан или од конзерва. Додајте лук и зачинете.

Сипете супа или вода. Ако ви стигне за да ги прелиете сите состојки, ќе имате доста чорба (идеално за со тестенини), ако има помалку, ќе добиете погуст гулаш. Одберете дали сакате да биде потечен или погуст.

Кога сето тоа ќе го соедините, внимателно поминете со лажица низ садот. Не мешајте, само поминете за да се распоредат сите состојки.

Поклопете и ставете го тенџерето во ладна рерна. Вклучете ја на 200 степени и слободни сте 2,5 до 3 часа. Потоа, разматете лажица брашно во малку вода за да биде како пудинг, погусто, и да нема грутки, па сипете уште малку вода, за да добиете смеса како за палачинки. Извадете го капакот, сипете ја смесата и промешајте многу внимателно.

Кога ќе промешате, ќе видите дали е прегусто, преретко или таман за ваш вкус. Јадењето ќе треба да се крчка уште половина час до еден час. Така ќе ја регулирате водата. Можете да го оставите капакот изваден за да испари уште малку вода, но и не морате. Тоа останува на вашата проценка.

По половина до еден час, извадете го од рерна, оставете го десетина минути да отстои, па послужете го. Добар апетит.

Готвач ја открил тајната на совршениот гулаш: Вака се приготвува највкусното јадење на лажица!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време