Џенифер Анистон заблескала на новата насловна страница: Открила на која ѕвезда најмногу ѝ се воодушевува!

Погледнете

Актерката Џенифер Анистон позира на црвениот тепих долги децении, но сепак смета дека не го прави тоа толку добро како нејзината колешка Џенифер Лопез

Џенифер Анистон дала интервју за магазинот „Инстајл“ и во таа пригода разговарала за појавувањата на црвениот тепих. Позирањето не е нешто непознато за неа, но нагласила дека Џеј Ло е таа која целосно го совладала појавувањето на црвениот тепих:

„Сакам да знам што ѝ дава таков изглед. Таа е толку прекрасна“, рекла актерката од култната серија „Пријатели“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)


Она што ѝ се допаднало е опуштеноста и природноста на пејачката на јавните настани:

„Лопез е во стилот ‘не можам да верувам дека сум овде’. Мислам дека воопшто не се ни труди, едноставно е таква… таа е вистински изведувач“, продолжила Анистон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by instylemagazine (@instylemagazine)


Кога станува збор за позирањето на црвениот тепих, Анистон ги слуша советите на стилистите:

„Ми велат: ‘никогаш не прави го ова’ или ‘направи го тоа вака’. Не знам како правилно да стојам на црвениот тепих, но го правам тоа најдобро што можам“, рекла таа.

Модниот едиторијал наменет за ова интервју е во винтиџ-атмосфера, а Анистон како и секогаш изгледа прекрасно.

Џенифер Анистон и Џастин Теру: „Ние не се разделивме на драматичен начин, се сакаме“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.