Меган Маркл некогаш и сега: Фотографии што откриваат дека правела корекции на лицето!

Проценете сами

Војвотката од Сасекс како актерка, но и како дел од британското кралско семејство отсекогаш била под будното око на јавноста

Бројни обожаватели на Меган Маркл (39) се позанимавале на тема пластични операции, односно претпоставки за тоа колку интервенции направила војвотката од Сасекс на своето лице.

Тие тврдат дека поранешната актерка на почетокот на кариерата не изгледала така како што изгледа денес. Со нив се согласуваат и естетските хирурзи.

Експертите споредиле стари и нови фотографии на сопругата на принц Хари и заклучиле на кои зафати подлегнала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MCAN Health (@mcanhealth)

„Меган има речиси совршено обликуван нос. Правилно и’ се наместени очите и брадата во форма на буква V, па затоа таа е класично убава. Лицето има добра форма и близу е до она што Грците го сметале за совршено“, изјавил естетскиот хирург Де Силва во една пригода.

Токму нејзиниот нос е доказ дека војвотката не е целосно природно убава. На нејзините фотографии од тинејџерските денови јасно се гледа дека носот и’ изгледал покрупно, иако таа никогаш нема признаено дека подлегнала на какви било естетски зафати.

Покрај носот, истакнуваат дека ги корегирала и јаболчниците и формата на вилицата. Додека некои сметаат дека разликите се видливи, други мислат дека и понатаму изгледа убаво и природно.

„Меган имала неколку зафати, но тоа е убаво и умерено. Се гледа разлика, но не претерала“, пишува во коментар на социјалните мрежи.

Меѓутоа, секако дека постојат и коментари на луѓе што сметаат дека војвотката нема менувано ништо на лицето. Што мислите вие?

Ова е менито на Меган Маркл: Внимателно осмислено за војвотката да биде секогаш вита!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.