Моника Белучи на насловна страница со ќерка и’: Дева (20) најдобрите гени ги наследила од мајка и’!

Погледнете

Заедничката насловна страница на „Вог“ ја објавил Венсан Касел, татко на Дева и поранешен сопруг на познатата актерка

Актерката Моника Белучи и ќерка и’ Дева Касел ја воодушевиле Европа со заедничката насловна страница на италијанското издание на магазинот „Вог“.

Интересно е што нивната положба е внимателно осмислена: Моника е поставена така што се имплицира дека доаѓа време за нови генерации, а вистински пример за новите убавици што се актуелни во светот на модата е Дева Касел.

Заедничката насловна страница на „Вог“ ја споделил Венсан Касел, татко на Дева и поранешен сопруг на Моника Белучи со зборовите „Семејни врски“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by VINCENT CASSEL (@vincentcassel)


Дева од 2019 година стана многу популарна и излезе од сенката на мајка и’ и татко и’. Најпрво беше дел од модната недела во Милано, па потпиша, а потоа и стана, ново лице на модната куќа „Долче и Габана“, исто како и мајка и’, која со години беше нивната ѕвезда.

„Копија“ на Моника Белучи: Дева Касел го освојува модниот свет (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.