Ова е менито на Меган Маркл: Внимателно осмислено за војвотката да биде секогаш вита!

Тајната е во ова!

Меган има низа ритуали што внимателно ги следи за да биде здрава и вита

Меган Маркл е позната по тоа што практикува јога, но и внимава што јаде. Ја откривме тајната на нејзината исхрана…

Поголемиот дел од времето практикува веганска диета

Тоа и самата го потврдила пред неколку години, а вели дека во текот на неделата се обидува да ја следи таа исхрана, а да си се почести за викенд. Експертите се согласуваат дека ова е добар начин на исхрана, бидејќи веганската диета овозможува да се внесат сите потребни нутриенти, а она што не може да се внесе преку исхраната, се внесува со суплементи. Со оглед на тоа што си се почестува за викенд, веројатно нема да има проблем со недостиг од витамини и минерали.

Меѓуоброците се здрави

Изјавила дека омилен десерт ѝ е јаболката со путер од бадеми и малку морска сол, а нутриционистката Ејми Горин смета дека се работи за фантастичен меѓуоброк, бидејќи содржи влакна, протеини и здрави маснотии.

Не пие кафе, туку зелен сок

Во едно интервју спомнала дека зелениот сок го користи за да ја разбуди попладне. Нутриционистите сметаат дека тој сок е одличен за хидратација, а покрај тоа нуди витамини и минерали од зеленчукот што го содржи: кељ, спанаќ, ѓумбир, јаболка и лимон.

Обожава чај од комбуха

Во една пригода изјавила колку многу го обожава овој чај, кој има малку киселкав вкус, па многумина не го сакаат. Но тој е добар извор на пробиотици и ја подобрува дигестијата. Иако сè уште не постојат доволно докази за сите придобивки на овој чај, експертите советуваат дека не е најдобро да се пие во бременоста, па веројатно Меган го оставила пиењето на овој чај за по породувањето.

Обожава омега-3 маснотии

Меган Маркл изјавила дека нејзиниот омилен ручек е суши без бел ориз. Нутриционистите секако се согласуваат дека тоа е одличен избор, бидејќи така внесува омега-3 масни киселини кои се апсолутно потребни за одржување на здравјето на организмот. Покрај тоа, одличен начин е да се внесат помалку калории во организмот.

Водата е најважна за неа

Кога се занимавала со глума, утрата ги започнувала со топла вода со лимон, а кога влегла во кралското семејство, можно е таа навика да ја заменила со пиење чај. Водата, секако, е здрава и потребна му е на организмот, а кога во неа ќе се додаде и малку лимон, таа ќе биде повкусна, но и ќе обезбеди внесување витамин Ц.

Антиоксидансите се приоритет

Јасно е дека не ги прескокнува кога ќе ѝ го погледнете лицето – кожата ѝ е беспрекорна, без дамки и црвенило. Самата смета дека во тоа ѝ помага исхраната без глутен, но и нејзината љубов кон зрнесто овошје, а во него се кријат изобилство витамини, влакна и антиоксиданси.

Обожава појадокот да си го приготви претходниот ден

Меган обожава пудинг од чиа-семе. Ако сакате да го пробате овој појадок, подготовката е едноставна. Додајте јаткасти плодови поради влакната и протеините, свежо овошје како природен засладувач и сосема малку чоколадо, за ви биде повкусно!

Проверете зошто оваа диета е толку популарна: Со овој план на исхрана, ќе изгубите тежина на сосема здрав начин!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.