Подгответе се за неочекувани промени на поле на љубовта: На 10 јули ни пристигнува млада месечина, а најмногу ќе влијае врз овие знаци!

Астро-прогноза

Овој астро-период со себе носи само позитивни аспекти

Нов лунарен циклус и месечава фаза не’ очекува на 10 јули кога на небото ќе се појави млада месечина во знакот Рак. Почетокот на овој циклус ни носи лунарна енергија што не’ поттикнува да земеме здив, да се опуштиме и конечно да се ослободиме од стравовите и од негативните емоции што ги имавме за време на помрачувањето во јуни.

Јулската млада месечина ќе не’ поттикне да поставиме цели, да го оствариме она што го сакаме и да отвориме ново поглавје во својот живот. Младата месечина е во знакот Рак, па носи потреба за нежности, топли емоции, семејство и сигурност. Во овој период мора да најдете баланс помеѓу мекото срце и ладниот ум. Ракот претставува емоција и романтика, што значи дека младата месечина може да ви донесе позитивни промени на љубовен план.

Секстилот на младата месечина и Уран ќе донесе позитивни промени, пријатни изнедувања, инспиративни средби. Дава слобода и подготвеност да ја напуштите својата удобна зона и да испробате нешто ново и возбудливо. Ја изразувате убавата, автентична и креативна страна на вашата личност. Ова е добро време за запознавање нови луѓе кои би можеле да бидат необични, ексцентрични или од различни културни и етнички групи. Возможна е и токму таква љубов што ги надминува сите разлики.

Младата месечина исто така ја зголемува интуицијата, ве поттикнува да искористите разни можности и да ги направите долго очекуваните промени. Ќе бидете ефикасни, љубопитни, разиграни, а најважно е што воопшто нема да се плашите да излезете од удобната зона.

За време на младата месечина, Венера е во конјукција со Марс и се зголемува вашата страсна и привлечна енергија. Ќе бидете харизматични, склони на флерт и љубовни игри, лесно ќе освојувате срца. Еротската енергија ќе ви биде подобрена, а вашата имагинација разбудена. Сепак, внимавајте кому му го подарувате срцето и влегувајте во односи за коишто длабоко во себе знаете дека може да ве разочараат.

Ова е добар период за започнување нови проекти, но поради присуството на Венера, која знае малку да ги романтизира работите и да ни стави розови очила, добро размислете кои потези ќе ги повлечете кога станува збор за пари.

Овој астро-период најповолно ќе влијае врз Раковите, Овните и Биковите.

Овие 4. знаци на Зодијакот ова лето ќе ја најдат вистинската љубов!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.