Марго Роби е БАРБИ во новото филмско остварување, а ОВОЈ холивудски ФРАЕР ќе биде Кен: „Не ни помислував дека е олку згоден!“

Познат е датумот на прикажување на филмот за најпопуларната кукла во светот – Барби! Имено, компанијата „Ворнер Брос“ денеска на Твитер потврди дека реализацијата ќе ја види светлината на денот на 21 јули 2023 година, а објавија и како ќе изгледа славниот Кен, барем на големото платно.

Веќе имавме можност да видиме фотографии од Марго Роби во улогата на Барби, а сега знаеме како Рајан Гослинг се трансформирал за улогата на Кен.

Актерот позираше со руса коса и бронзен тен, а во тексас-фармерки и раскопчан елек, покажувајќи ги јасно дефинираните стомачни мускули.

Rajan Gosling kao Ken

Медиумите пренесуваат дека сценаристите одлучиле Рајан да се маскира во верзијата на куклата Earring Magic Ken, која беше претставена во 1993 година, а која имаше светли прамени наместо традиционално кафената коса.

Токму таа верзија на Кен стана најпродаваната во историјата, а крена голема прашина поради гласините дека дизајнерите на куклата биле инспирирани од геј-клуб сцената од 1990-тите во Лос Анџелес и Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donovan (@not_the_troubadour)

За Гослинг, кој е познат по акционите филмови, но и по романтичните комедии, ова е своевиден пресврт, ано на публиката ѝ се допаѓа како изгледа Кен во неговата интерпретација.

Тие дефинитивно знаат што прават“, „Рајан е Бог“, „Не ни знаев дека сакам да го видам Рајан гол, но по оваа фотографија…“, „Леле, јас сум без текст“, „Веќе сум опседната“, се дел од многуте коментари на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.