Ова е листата на 10-те најлоши имиња за деца во светот: Три од нив се многу популарни кај нас!

Дознајте

Кога ќе добиеме бебе, сите се трудиме да му дадеме што пооригинално име, но дали навистина би сакале вашето дете да се вика вака?

На познатиот форум за мајки Mumsnet неодамна се одвивала жестока дебата за тоа кои се најлошите имиња за деца. Конечната листа на најомразени детски имиња на крајот имала 10 имиња, а составена е врз основа на најчесто повторуваните предлози. Исто така, објаснето е и зошто би требало да се одбегнуваат овие имиња.

Некои од наведените имиња се популарни и кај нас, како Миа, Луна и Лана, иако листата е интернационална.

Миа: „Во воените кругови, тоа е акроним за исчезнатите во акцијата“, напишала една мајка на форумот“.

Камерон: „Едно од имињата што во земјите од англиско говорно подрачје би можело да биде и презиме.“

Клаудија: „На латински значи ‘очаен’“

Алекса: „Амазон го има искористено ова има за неговиот дигитален помошник.“

Лана: „Анаграм на вулгарен збор.“

Фани: „Причините се очигледни“, пишуваат мајките.

Флора: „Потсетува на бактерии.“

Луна: „Повеќе звучи како име на домашен миленик.“

Греам: „Звучи како назив за шунка.“

Мерцедес: „Асоцира на марка за автомобил.“

Најтажните имиња: И денес им ги даваме на децата, а не го знаеме нивното вистинско значење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.