Лицето ѝ се распаѓа, повеќе не може да го скрие тоа: Нема што не оперирала само за да побегне од својот одраз во огледалото!

Траумата од детството оставила последици

Пејачката го крие лицето со маска и шешир, многумина велат дека лицето ѝ се распаѓа

Многумина се ужасуваат кога ќе го погледнат лицето на Ла Тоја Џексон (64), бидејќи сметаат дека по толку пластични операции изгледа како карикатура, а не како човечко суштество.

Наместо да се запрашаме кои зафати ги направила пејачката, подобро е да се запрашаме кои не ги направила. Странските медиуми го пренеле мислењето на експертите кои тврдат дека Ла Тоја ги подигнала веѓите, ги стеснила брадата и носот и ги средила образите. Сметаат дека имала најмалку десетина операции на лицето.

Кога станува збор за остатокот од нејзиното тело, Ла Тоја ги зголемувала градите. Но за разлика од својот покоен брат, кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, не ја избелувала кожата, но исто толку непрепознатлива е колку што беше и тој. Јавноста често истакнува дека лицето ѝ изгледа како да ќе се распадне во секој момент, а таа се обидува да ги скрие ужасните последици од операциите со очила за сонце и со шешири.

Ла Тоја се прослави со синглот Heart Don’t Lie во 1984, а во 1990-те доживеа пад на својата музичка кариера, која повторно ја оживеа во 2000-те. Некогашната убавица работела и на телевизија и била дел од многу емисии.

Нејзиниот живот бил полн со несреќни настани – мажи ја ограбувале, ја злоупотребувале и се обидувале да ја наговорат да снима порно-филмови. Сè започнало со нејзиниот покоен татко, музичкиот менаџер Џо Џексон, кој ги малтретирал неа и нејзините браќа и сестри. Ги терал постојано да пеат и да танцуваат, а притоа ги тепал и злоупотребувал.

Ла Тоја зад себе има брак со покојниот Џек Гордон, кој ѝ бил и долгогодишен менаџер, за кого, како што самата нагласила, присилно се омажила во 1989 година.

„Ме заклучуваше во плакар, не смеев да читам списанија и секогаш кога ќе ме затекнеше како разговарам на телефон, ме тепаше“, раскажала своевремено.

Додала и дека ѝ се заканувал со смрт нејзе и на членови од нејзиното семејство и дека еднаш ја удрил толку силно што изгубила свест.

Нејзиниот ужасен брак завршил кога тој починал во 1997 година. Ла Тоја во мемоарите од 1991 година открила и дека нејзината мајка Катарина знаела дека татко ѝ Џо ја злоупотребувал.

„Кога таткото ќе излезе од креветот што го дели со мајката и ќе влезе во креветот на својата ќерка, а ќе ја слушнеш сопствената мајка како вели ‘Не, Џо, не вечерва, уморна е, остави ја да се одмори’, тоа излудува“, напишала пејачката за која многумина сметаат дека станала зависна од операции поради траумите од детството.

Исто како што бил случајот и со нејзиниот покоен брат, Мајкл, кој бил обвинет за злоупотребување деца.

Меколи Калкин конечно одговори дали, како дете, бил сексуално злоставуван од Мајкл Џексон
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.