Меколи Калкин конечно одговори дали, како дете, бил сексуално злоставуван од Мајкл Џексон

Нема зошто да ја крие вистината

Меколи Калкин одлучи да ја раскаже вистината за својот однос со покојниот Мајкл Џексон, кој е обвинуван за педофилија.

Имено, актерот во интервјуто за „Ексвајер“ одговорил и на прашањето што ги „измачува“ сите – дали како дете бил жртва на сексуално злоставување од страна на кралот на поп-музиката.

Вака, веднаш ќе почнам со една вистина – никогаш ништо лошо не ми направил. Никогаш не сум го видел дека прави нешто лошо. Немам зошто да ја кријам вистината, особено сега кога се зборува за тоа, а тој е мртов“, го почнува интервјуто ѕвездата на популарниот филмски серијал „Сам дома“.

Сега е вистинско време да ја кажам вистината, и ако имав што да кажам, ќе кажев сега. Никогаш ништо лошо не ми наравил и не сум го видел да прави нешто лошо“, повторил Калкин.

Калкин во интервјуто раскажал дека го сретнал актерот Џејмс Фрнак откако излегол документарецот за злоставувањата на Неврленд, а актерот го прашал што мисли за тоа и дали би сакал да разговара за Џексон. Калкин одбил.

Потсетуваме, во документарецот „Leaving Neverland“, за наводните злосторства прозборија две наводни жртви на Мајкл Џексон, Вејд Робсон и Џејмс Сејфчак, кои раскажале дека кралот на попот сексуално ги злоставувал додека биле деца.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.