Кучињата се најинтелигентните животни, а овие 10 раси се без конкуренција: Никој не може да се рамни со нив!
Убедливо најинтелигентни
За овие 10 раси се вели дека се премногу интелигентни
Кучињата се едни од најинтелигентните животни на светот. Иако сите кучиња се добри пријатели, некои се попаметни од другите. Ова се десетте најинтелигентни кучиња…
1. Бордер Коли
View this post on Instagram
Бордер коли е пастирска раса на куче развиена во англо-шкотскиот регион за чување стока, особено овци. Ова куче го добило името по областа, долината Бордерс.
2. Пудла
View this post on Instagram
Стандардната пудла е многу интелигентна и е една од расите што најлесно е да се истренираат. Официјално може да се најде во три големини и има крзно како на женска бунда. Пудлите многу брзо и лесно учат, поради што често се атракција во многу забавни програми.
3. Германски овчар
View this post on Instagram
Германските овчари се исклучително интелигентни, храбри и имаат силен заштитнички инстинкт. Германските овчари задоволно служат како полициски кучиња, како кучиња-водачи за слепи лица, кучиња што помагаат во медицински случаи и тераписки кучиња, па не е ни чудо што послушноста е една од особините на оваа раса.
4. Златен ретривер
View this post on Instagram
Златниот ретривер е куче што обожава контакт со луѓе, членови на семејството, а особено со деца. Ужива во домашна атмосфера. Има весел карактер и му е бескрајно лојален на својот сопственик, секогаш подготвен е воодушевено да му возврати на секој негов повик и потполно да му се посвети.
5. Доберман
View this post on Instagram
Доберманот е куче што настанало со мешање на повеќе раси на кучиња. Исклучително е лојален и бестрашен. Овие кучиња се неверојатно издржливи и обожаваат да работат. Некои можат да бидат прилично мирни, па дури и работат како тераписки кучиња во болниците.
6. Шетландски овчар
View this post on Instagram
Веројатно води потекло од шкотскиот овчар пренесен на Шетландските острови. Таму бил вкрстен со исландска раса на кучиња, убаво бил обликуван во 18 век. Многу се дружељубиви, љубопитни и лесно и брзо учат команди.
7. Лабрадор ретривер
View this post on Instagram
Лабрадорот се смета за најпопуларната раса кучиња на светот. Преполни се со љубов, приврзани се и трпеливи. Поради својот добар нарав и љубовта кон децата и другите кучиња, спаѓа помеѓу најпопуларните фамилијарни раси. Се сметаат за екстремно интелигентна раса, бидејќи без проблем можат да усвојат и повеќе од 50 команди.
8. Папилон
View this post on Instagram
Папилонот е всушност многу поопасен одошто изгледа. Можеби ќе се изненадите што папилоните се сметаат за едни од најприврзаните кучиња. Станува збор за многу интелигентно куче, кое лесно се дресира.
9. Ротвајлер
View this post on Instagram
Ротвајлерот е куче кое првенствено било одгледувано како работничко куче, како терач на крупна стока и за влечење колички. И денес се користи како куче чувар, овчар, но и како службено куче од страна на полицијата, војскта и други сигурносни агенции.
10. Австралиско сточарско куче
View this post on Instagram
Австралиското сточарско куче е многу активна раса со разновидни способности. Се однесуваат многу заштитнички кон својата територија, вклучувајќи ги и луѓето!