Грав со свински бут: Топло јадење полно со витамини што ќе ви ја згрее душата!

Нешто на лажица

Во гравот додајте кесичка чај од нане за да не се надувувате при консумирањето

Состојки:
  • 500 г шарен грав
  • 1 мал свински бут
  • 1 кесе чај од нане
  • 2 главици кромид
  • 4 чешниња лук
  • 2 моркова
  • 1/2 помал корен од целер
  • 2 лаврови листа
  • 1 лажица пипер
  • 400 мл доматен сок
  • 1 инстант супа од печурки
  • мешавина суви зачини
  • црн пипер
  • сол

Приготвување:

1. Кромидот се лупи и се сечка на коцки, се лупат морковите и целерот и исто така се сечкаат на коцки. Лукот се гмечи.

2. Свинскиот бут се вари, а потоа се цеди течноста, се одвојува од кожата и коските и се сечка на помали парчиња.

3. Гравот се става во поголемо тенџере, се прелева со вода и се вари додека зоврие. Потоа се цеди, а водата од варењето се фрла.

4. Сварениот грав се враќа во тенџерето, се додаваат кромидот и лукот, морковите, целерот, кесето чај од нане и лавровите листотви. Се прелева со свежа топла вода и се вари понатаму додека омекне гравот.

5. Потоа се додаваат доматниот сок, пиперот и исечканото месо. Инстант супата од печурки се мати во малку вода и се става во јадењето. Се продолжува со варењето додека се добие посакуваната густина. Ако е гравот погуст, се додава вода по потреба.

6. Пред крајот на варењето се вади филтер-кесето од чајот и се додаваат зачини по вкус.

Извор: Добра храна

Топло пикантно вариво што ќе ве засити: Пробајте густа кисела супа за ручек!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.