Коментарот на Ким Кардашијан кој сите го протолкуваа како израз на љубомора кон Кајли Џенер

Додека сите коментираат, тие заработуваат милиони

Најмладата сестра на кланот Кардашијан-Џенер, 22-годишната Кајли Џенер на својот јутјуб-канал објави видеоснимка на која ја шминка својата постара сестра Ким Кардашијан, користејќи производи од козметичката линија на риалити-ѕвездата, но и од својата, благодарение на која стана најмладата милијардерка на светот.

За време на шминкањето, сестрите водат незадолжителен муабет, обидувајќи се да им бидат што е можно поинтересни на своите милионски следбеници, а во еден миг Ким дури и ја „поткачува“ својата сестричка со коментарот дека нејзиниот прицврстувач на шминката е „евитно ѓубре“ бидејќи шишенцето не прска од производот.

И додека цел свет коментира дека на тој начин Ким ја изразила својата љубомора кон Кајли, која е помлада и повлијателна од неа, барем на Инстаграм, сестричките задоволно ги тријат рацете затоа што на нивните сметки „легнуваат“ нови милиони… Клик, лајк, клик…

 

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.