Вака бремената Сања Кужет ги поминува деновите пред породувањето, едно нешто е задолжително во нејзините ритуали (ВИДЕО)

Уживајќи во мирот и ...

Сања Кужет покажа како ги поминува најубавите денови.

Откако објави дека се повлекува од естрадата поради бременоста, водителката Сања Кужет покажа како ги поминува најубавите денови.

Сања одлучила бременоста да ја помине во природа, уживајќи во мирот и исчекувањето на бебето.

Убавата водителка и пред бременоста се трудела што повеќе да престојува во природа, а тоа го прави и сега, само поинтензивно.

„Важно е понекогаш да се одвоиме од сите обврски и да си дозволиме ден за регенерација и враќање на енергијата. Ден само за музика и танцување, омилената серија, безгрижно лежење…“, изјавила Сања пред неколку дена.

Затоа повторно замина на планина каде ужива во мир и чист воздух, а сето тоа низ фото и видео го покажа на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Сања Кужет во Ѕвездите на Гранд ја замени Ана Севиќ која пред камерите на Гранд проговори за враќањето на сцената каде ја започна кариерата.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.