Помина само една емисија, а веќе мажот и реагира! Ана Савиќ од Ѕвездите на Гранд ја обелодени вистината: „Ми рече: Слушај сега ти…“ (ВИДЕО/ФОТО)

Па и имал право или...

Водителката на најгледаното талент шоу откри како нејзиното семејство реагирало на нејзиното враќање во улогата по која многумина ја паметат.

Ана Севиќ по долги години се врати на сцената на Ѕвездите на Гранд, во улога на водителка.

Убавата бринета не го крие задоволството што јавноста повторно ја гледа на малите екрани, а на промоцијата на албумот на Мирза Селимовиќ откри како нејзините деца и сопруг реагирале додека таа зрачеше на ТВ екраните.

„Оваа сабота ја гледав емисијата во која се појавив за прв пат. Никогаш порано тоа не сум го направила, дури ни кога се натпреварував. Тоа е прекрасно чувство. Сите ме гледаа, моите деца исто така. Им беше чудно. Симеон гледаше малку во мене, малку во екранот. И на сопругот му се допадна. Уживавме додека гледавме, а тој подоцна ми рече: „Па слушај. Морам да го гледам ова шоу на мир“. Имам целосна поддршка од него, немаше поплаки“, рече Ана.

На прашањето колку добила за телевизискиот ангажман за кој сите зборуваат деновиве, Севиќ избегна да одговори.

„Нема да зборувам за бројки. Никогаш не сум го направила тоа“, рече таа.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.