Жените ги допирал, гризел и им удирал шлаканици во клубовите: Оскаровецот пред суд!

Обвинет за сексуално малтретирање

Популарниот актер Куба Гудинг Џуниот денес се најде пред судот во Њујорк, кој треба да одлучи колку сведоци ќе дадат изјава во случајот против него. Почетокот на судењето е закаж за април годинава, пренесуваат светските медиуми.

 

Имено, оскаровецот минатата година беше обвинет од страна на десетина жени за „допирање, удирање шлаканици и за гризење“ по разни делови од телото во неколку клубови кои често ги посетувал.

Според последните судски претреси, триесетина жени имале непосакуван контакт со актерот, кои главно ги допирал по градите, задникот и гениталиите.

Актерот ги негирал обвинувањата, а случајот и понатаму е во тек пред судот во Њујорк.

Фото: Splash News, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.