Пукна тиквата на естрадата! Рада Манојловиќ во тешка кавга со брат и: „Не форсирајте проблеми каде што нема…“ (ФОТО / ВИДЕО)

Фолкерката се огласи на социјалната мрежа Инстаграм...

Веќе никој нема да ја полуди…

Откако братот на Рада Манојловиќ одби да сними дует со неа, медиумите почнаа да шпекулираат за нивните односи.

Имено, Рада еднаш на социјалната мрежа „Х“ напиша дека веќе никој нема да ја полуди, поради што сите мислеа дека овие зборови му ги посветила на Ненад, по неговата изјава дека не сакал да снима дует затоа што не му се допаѓала песната.

По тој повод, фолкерката се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде напиша:

Не, мојот твит не се однесува на мојот брат и барам од медиумите да не форсираат проблем таму каде што го нема, а и да има, секако би го решиле приватно, а не преку социјалните мрежи. Затоа, меѓу нас нема и ниту ќе има проблеми“.

Да потсетиме, Ненад неодамна се најде на роденденската забава на Жика Јакшиќ, и потенцираше дека одбива да сними дует со неговата сестра Рада, а оваа информација предизвика вистинска бура во медиумите.

„Прочитав нешто на Интернет, се уште не сум разговарал со неа за тоа. Не се работи за првиот дует… За време на празниците, едвај чекав да се одморам и да не се јавувам на телефон, и се случуваше да не се јавам ниту на Рада и тоа е најнормално, бидејќи понекогаш и таа не ми одговара по десет дена“, рече тој.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ЗАДРУГА / ЕЛИТА 7 ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.